Јошо Оташевиќ, техничкиот директор на Bодоводот, е една од 12-те жртви на масакрот што го изврши Ацо Мартиновиќ на Цетиње. Семејството и пријателите во емотивни пораки се простуваат од него на социјалните мрежи.
„Тага, шок и неверување. Тешко е да се најдат зборови за ваков губиток и бесмисленост. Почивај во мир пријателу, а на семејството изразувам најискрено сочувство – напиша неговиот пријател и сподели нивна заедничка фотографија.
Ацо Мартиновиќ завчера попладне уби 12 лица во Цетиње, а четири се тешко повредени. Меѓу жртвите има две деца, од осум и 13 години, и сите се блиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.