Директорката на КИЦ на Северна Македонија во Загреб гостин на Филозофскиот факултет во Риека

Директорката на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Загреб, Р Хрватска, Наталија Поповска, на покана од лекторката Билјана Стојановска од Лекторатот по македонски јазик во Риека, присуствуваше на претставувањето на лекторатите на Одделот за кроатистика при Филозофскиот факултет во Риека.

Поповска присуствуваше и на панел-дискусијата „Проучување на странските јазици во современ контекст: перспектива на лекторите“.

Според Поповска, од суштествено значење беше да се запознаеме со активностите на лекторатите и да се направи споредба за начинот на работа, предизвиците и поддршката што ја добиваат од матичните институции. Таа информираше дека Лекторатот по македонски јазик во Риека засега е најмногубројниот лекторат по бројот на студенти, активности и преведувачка дејност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни