Додека камерите ги снимаа посетителите во публиката на концертот на Coldplay, во еден момент во кадар се најдоа основачот и извршен директор на технолошката компанија „Astronomer“, Енди Бајрон, и неговата колешка – директорка на секторот за човечки ресурси, во интимна прегратка.
Coldplay's Chris Martin accidentally exposes astronomer CEO Andy Byron having an affair with his HR chief Kristin Cabot. pic.twitter.com/GMa2g0EiK3
— Pop Crave (@PopCrave) July 17, 2025
Публиката забележа дека не станува збор за неговата сопруга, туку, како што тврдат многумина на интернет – за неговата љубовница. Ситуацијата станала уште понепријатна кога и пејачот на бендот, Крис Мартин, го прокоментирал моментот од сцената со зборовите: „О, погледнете ги овие двајца!“
Иако парот се обидел да се сокрие кога забележале дека се прикажани на големиот екран, веќе било предоцна – снимката почнала да се шири на социјалните мрежи со илјадници коментари и реакции.
„Ова е реалноста на многу корпорации“, „Жал ми е за сопругата, ама ми е мило што се разоткриени“, „Кој оди со љубовница на концерт и мисли дека нема да го видат?“ – се дел од острите коментари на корисниците на интернет.
Инцидентот фрли сенка врз концертот, но повторно потврди дека во дигиталната ера – ништо не останува скриено.