Заменичката министерка за надворешни работи на Република Литванија, Јовита Нелиупшене, беше во работна посета на Скопје. Случајната средба со Трн ја предизвика да се насмее пред нашиот објектив и да сподели нешто за себе.
„Секогаш се смеам на позитивен вајб кога ќе запознаам нови луѓе. А на прашањето за што сонувам ќе одговорам дека сонувам да имаме мир.“- изјави Јовита која остана насмеана во текот на целата наша средба.