По летото исполнето со настапи низ регионот и концертот пред Massive Attack, Дина Јашари се враќа дома – со нова концертна приказна во Public Room, закажана за 20 ноември 2025 година. Настанот е посветен на нејзиниот најнов албум „Растенија без корен“, кој ќе биде изведен во живо, искрено и топло, во препознатливата атмосфера на поткровјето на Public Room.
„Кога надвор е ладно и се стемнува рано, музиката нека нѐ стопли,“ пишува Дина во најавата, поканувајќи ја публиката на вечер исполнета со нежност и звук. Со неа на сцената ќе настапат членовите на квартетот: Лука Тошев (гитара), Драган Теодосиев (тапани) и Андреа Мирческа (бас), како и специјален гостин чие име сè уште не е откриено.
Публиката ќе има можност да ја доживее новата ера на нејзиниот музички израз, во кој интимноста и сценската енергија се спојуваат во едно. Концертот започнува во 20:00 часот, а билетите се достапни преку drugastrana.mk – по цена од 400 денари во предпродажба и 500 денари на влез.
До концертот, можете да уживате во нејзиниот албум на следниот линк.