Дина Јашари ќе ја претставува Македонија на фестивалот Eurosonic Noorderslag 2026 во Холандија

Eurosonic Noorderslag е познат како фестивал кој открива нови музички ѕвезди низ кој поминале некои од најголемите имиња на современата музика

Дина Јашари со настап на 40-тото издание на најпрестижниот шоукејс фестивал во Европа, Eurosonic Noordeslag 2026.

Најистакнатата млада кантавторка на современата македонска музичка сцена, Дина Јашари, годинава е официјално избрана да ја претставува Македонија на најголемиот европски шоукејс фестивал Eurosonic Noorderslag (ESNS), на 40-тото фестивалско издание, коe ќе се одржи од 15 до 18 јануари 2025 година во Гронинген, Холандија.

Настапот на Дина на овој престижен настан претставува значајна можност за нејзината кариера, но и важен момент за нашата но и регионалната музичка сцена. Таа ќе има уникатна прилика да ја претстави својата музика пред меѓународна публика и пред врвните музички професионалци од светската индустрија.

Eurosonic Noorderslag е препознатлив како фестивал кој открива нови музички ѕвезди и претставува платформа низ која поминале некои од најголемите имиња на современата музика, меѓу кои Dua Lipa, Fontaines D.C., James Blake, Rosalia и Wet Leg. Секоја година фестивалот привлекува повеќе од 40.000 посетители, фанови и професионалци од музичкиот свет.

Дина Јашари, позната по своите хитови, меѓународни турнеи и актуелниот албум „Растенија без корен“, се наметнува како едно од највлијателните имиња во новиот музички бран, албум кој критиката го препозна како искрен и автентичен приказ на современата реалност и свеж здив за регионалната сцена.

Нејзиниот настап на ESNS ќе биде петто учество на македонски артист на овој фестивал, по Кирил Џајковски, Бернајс Пропаганда, Фанк Шуи и Луфтханза. Оваа година, Дина Јашари е името што ќе ја претставува Македонија на големата европска сцена во Гронинген.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни