Search

Дина Дума, режисерката на „Сестри“ првиот македонски филм на Нетфликс гостинка во „Што го врти светот?“

Во новата епизода на „Што го врти светот“се зборува за филм, особено за македонскиот филм. Гостинка е Дина Дума, македонска режисерка чиј дебитантски долгометражен филм – „Сестри“ стана првиот македонски филм на Нетфликс – најгледаната стриминг платформа во светот. Покрај работата на „Сестри“, Дина веќе неколку сезони е дел од режисерскиот тим на серијата „Преспав“. Во „Што го врти светот“, таа зборува за иновациите во филмот, можностите македонски филмови да бидат презентирани пред светска публика и, зошто и покрај релативно ниските буџети, нашите филмови прават огромни успеси.

Кога се сериите во прашање, Дина има искуство и со работа на серија во македонски услови, но и во дистрибуција на содржина на Нетфликс. Во денешната епизода ќе се отвори и темата: Дали можеби еден ден ќе имаме наша серија на некоја од најгледаните платфроми во светот?

Во „Што го врти светот“се сврти муабет со Дина Дума за филм, технологија и финансирање. Гледајте и слушајте на:

Јутјуб: https://www.youtube.com/@stogovrtisvetot

Спотифај: https://open.spotify.com/show/3Fj8RnAkc0CTXR7VeaEVYa

Најново

Последни колумни