Дина Јашари го објави својот деби-албум „Растенија без корен“

Албумот е придружен со девет визуализации и текстови, достапни на YouTube, а музиката може да се слуша на Spotify и сите останати дигитални платформи

Македонската кантавторка Дина Јашари го претстави својот прв студиски албум со наслов „Растенија без корен“.

„Албумот ,,Растенија без корен’’ е составен од девет песни, снимени во различен период од изминативе три години, на различни локации со различни луѓе. Не можам да го сместам во никаква жанровска кутија, тој е шарен, жив и искрен. Кога за првпат ги напишав насловите на песните и ги наредив – одеднаш сè ми имаше смисла!“, открива Дина

На албумот соработуваат нејзините долгогодишни музички соработници: Лука Тошев (гитара), Драган Теодосиев (тапани), Андреа Мирческа(бас), и Драги Иванов (микс).

Дина е авторка на музиката и текстовите, а аранжманите и продукцискиот пристап ги градела внимателно, комбинирајќи акустични изведби со електронски елементи. „Секоја песна има своја приказна, овој пат направив простор да влезат повеќе луѓе во процесот на креирање, што за мене беше нешто ново, а на крај се покажа дека го имам совршениот тим од луѓе кои ги правеа снимачките сесии магични.“, вели таа.

Дел од песните – „Растенија без корен“, „Морето ме тера да мислам“ и „Работи што немаат смисла“ – се снимени во студиото Алшар со Ивица Јанкуловски.

Особено внимание привлекува дуетот „Кревка“, во кој Дина соработува со познатиот кантавтор Пијан Славеј (Фолтин), композиторот Дуке Бојаџиев и гитаристот Лука Тошев.

Визуелниот идентитет на албумот го потпишуваат фотографката Александра Костадиновска и стилистката Сара Стојчевска.

Албумот е придружен со девет визуализации и текстови, достапни на YouTube, а музиката може да се слуша на Spotify и сите останати дигитални платформи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни