Димитар Башевски за збирката песни „ Дни, години“ добитник на наградата „ Браќа Миладиновци“ на СВП

Истакнатиот македонски поет, романсиер, книжевен преведувач и издавач Димитар Башевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од Струшките вечери на поезијата  за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија. Башевски е добитник на наградата за поетската збирка „Дни, години“ во издание на „Слово“, велат во соопштение до јавноста од СВП.

Жири- комисијата  што ја донесе одлуката Башевски да биде лауреат на „ Браќа Миладиновци“, е во состав: Веле Смилевски (претседател), Милован Стефановски, Славица Гаџова Свидерска, Трајче Стамески и Марина Мијаковска (секретар). Тие  после прочитот на сите 35 пристигнати книги направија селекција и во потесниот круг од пет книги покрај „ Дни, години“ на Башевски влегоа и збирките: “ Две мориња“ на Јосип Коцев,  „ Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска, „ Филмски песни“ на Дејан Трајкоски и „ На врв на јазикот“ од Катица Ќулафкова.

Во образложението за одлуката се вели дека жири -комисијатата оценила дека наградената стихозбирка „Дни, години“ од Димитар Башевски, претставува значаен прилог во новите текови на современата македонска поезија. Станува збор за книга со  длабоки животни промислувања кажани преку наизглед едноставен поетски јазик. Димитар Башевски сведочи дека неговите поетски вертикали, чии корени се во минатиот век, и натаму се одликуваат со творечка виталност, со жив и сочен поетски говор и со сугестивен и актуелен тематско поетски простор. Притоа тој мајсторски се потпира на досега стекнатото творечко искуство, велат од СВП.

Најново

Последни колумни