Во Белград, пред Собранието на Србија, петти ден по ред штрајкува Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, млад човек кој трагично го загуби животот при пад на надстрешница. Хрка, која со месеци бара одговорност и правда за смртта на својот син, е премалена, настината и со ослабен имунитет, но одбива да го прекине протестот.
Нејзиниот штрајк со глад го поддржуваат студенти, граѓани и ветерани, кои дежураат околу неа и ја чуваат од евентуални провокации.
Вчера во Белград се одржаа два собири — оној на граѓаните и студентите што ја поддржуваат Дијана Хрка, и контра-настан во „Чациленд“, каде што активистите на Српската напредна странка (СНС) беа организирано доведени со автобуси од повеќе градови.
На собирот на владејачката партија говореа Ана Брнабиќ, Милош Павловиќ и Милош Вучевиќ, а по нивните обраќања присутните брзо се разотидоа околу 21 часот.
Додека Хрка штрајкуваше пред Собранието, од областа на „Чациленд“ се слушала гласна музика, што многумина го сфатија како намерна провокација кон мајката која повеќе од една година бара правда.