Како што пренесува Nova.rs, таа истакна дека е време за обединување и организирано делување.
На прес-конференција, Хрка изрази задоволство што Јаќимовиќ и неговиот син го прекинале штрајкот со глад и најави дека вечерта ќе стапат во контакт за понатамошни договори околу протестните активности.
„Го поддржувам неговиот план за блокада, но допрва ќе се договараме. Важно е конечно да се обединиме, да бидеме под еден шатор и да одлучиме како понатаму,“ изјави таа. Како можен модел го спомена и предлогот за блокада во траење до 48 часа.
Хрка, која веќе седумнаесет дена престојува во протестниот шатор пред Собранието на Србија – иако го прекина штрајкот со глад – вели дека останува решена да продолжи со притисокот врз институциите. Шаторот, како што вели, станал нејзинa „втора куќа“.
Таа повтори дека ќе направи сè за да се постигне правдa за нејзиниот син и другите жртви, но и за да се „обедини народот и да се спротивстави на злото“, како што го опишува состојбата во Србија.
