„Останувам до понатаму. Ако треба да умрам – ќе умрам чесно,“ порача таа, барајќи од државните институции да го завршат случајот со уривањето на настрешницата што однесе 16 животи.
„Барам сите да бидат процесуирани, сите да бидат сослушани. Не сум терорист, не сум криминалец, јас сум мајка која бара правда. Три дена ме прогонуваа, денес ме бркаа по автопат, но нема да се откажам. Сакам сите студенти кои се уапсени да бидат ослободени,“ изјави таа.
На прашањето за присуството на припадници на интервентната полиција во близина, Хрка праша: „Дали се плашите од една жена, од една мајка што бара вистина и правда? Каква е оваа држава?“
Таа истакна дека граѓаните и ветераните ја поддржуваат, додавајќи дека ќе постават шатор и ќе останат на улица, без оглед на забраните. „Нè избркаа, но тоа не е мојата Србија. Ние сме тука поради љубовта, правдата и вистината,“ рече Хрка, благодарејќи им на студентите и граѓаните кои ѝ се придружиле.
Извор: N1info.rs