Дијана Хрка го прекинува штрајкот со глад, но останува пред Собранието на Србија

Дијана Хрка денеска соопшти дека ќе го прекине штрајкот со глад, но дека ќе продолжи да протестира пред Собранието на Србија.

Таа порача дека не се откажува од својата борба и дека „многу повеќе може да направи додека е жива“.

„Кога реков дека се оградувам од студентите и граѓаните, погрешно ме разбраа. Сакав да кажам дека никој не треба да стапи во штрајк со мене“, изјави Хрка. Таа додаде дека добила благослов од двајца свештеници, поддршка од медицински работници и повици од деца да го прекине штрајкот.

Хрка истакна дека нема да го „изневери својот народ“ и дека борбата мора да продолжи. Упати апел до полицијата „да не ги крева штитовите против својот народ и да не ги штити криминалците“.

Таа го обвини претседателот на Србија дека лажел кога рекол дека луѓето ја убедувале да започне со штрајк со глад. „Го прашувам што направи за една година за надстрешницата“, рече Хрка, алудирајќи на годишнината од падот на надстрешницата во Нови Сад — настан по кој го започна својот протест.

Хрка предупреди дека, доколку нема промени, „150.000 луѓе поради НИС ќе останат без работа“ и оцени дека граѓаните не можат бесконечно да живеат од дневници. Таа додаде дека не поддржува ниту позиција ниту опозиција и дека околу себе не признава никакви обележја освен оние на ветераните.

„Јас сум Дијана Хрка која бара вистина“, порача таа додека се обраќаше пред Собранието.

Подсетуваме, Хрка го најави штрајкот со глад за време на одбележувањето на годишнината од падот на надстрешницата во Нови Сад.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни