Учениците на Третата белградска гимназија во бојкот: поддршка за Дијана Хрка и барање за правда

По примерот на студентите и граѓаните низ Србија, учениците од Белград најавија дводневен бојкот на наставата во знак на солидарност со мајката на загинатиот Стефан Хрка, која трети ден штрајкува со глад пред Народното собрание.

Учениците на Третата белградска гимназија изгласаа дводневен бојкот на наставата на 6 и 7 ноември, со цел да изразат поддршка за Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка кој трагично загина во пад на настрешница на железничката станица во Нови Сад.

На официјалниот Instagram профил на учениците беше објавено дека на ученички референдум, со излезност од 72,5%, дури 96,6% од учениците гласале „за“ бојкотот, додека само 3,4% биле против.

„Учениците ќе се собираат во дворот на Големата школа и од таму ќе тргнат кон Домот на Народното собрание, каде што ќе одржат 16 минути тишина и ќе останат таму во текот на целиот ден, во знак на поддршка за Дијана Хрка,“ соопштија од гимназијата.

Дијана Хрка, мајка на 17-годишниот Стефан Хрка, кој загина под падната настрешница во Нови Сад, трет ден штрајкува со глад пред Народното собрание на Србија, барајќи одговорност и правда. Во нејзина поддршка се приклучуваат граѓани, студенти и активисти од повеќе градови во земјата, меѓу кои и групи од Нови Сад, Чачак, Панчево и Зрењанин.

Исто така, автопревозникот Миломир Јаќимовиќ организираше автобуси од Нови Сад кон Белград за сите кои сакаат да ја поддржат Дијана. „Сега е време цела Србија да стане и да ја врати оваа држава на своите деца. Важно е да се избориме – мирно, достоинствено, но одлучно,“ изјави Јаќимовиќ за N1.

Во меѓувреме, граѓани од Зрењанин и Панчево организираа „17 минути тишина“, симболичен чин во чест на 16-те жртви од падот на настрешницата и во знак на поддршка за сите кои бараат правда. „За Дијане Хрке. За секоја неправда која не боли сите нас. Вечерва сме глас кој никој не може да го угуши. ,“ порачаа граѓаните на Зрењанина, повикувајќи на масовна поддршка.

Во близина на Народното собрание, бројот на граѓани кои се собираат секојдневно расте, а просторот околу парламентот е исполнет со шаторски камп и симболични перформанси.Во неделата, во немирите што настанаа пред „Ќаќиленд“, беа приведени 37 лица, меѓу кои и поранешниот кошаркар Владимир Штимац, кој денеска беше ослободен да се брани од слобода по сослушувањето во Вишиот суд.

И додека дел од граѓаните организираат протестни собири, студенти од ФДУ и Техничкиот факултет во Нови Сад издадоа соопштенија во кои бараат реакција од институциите по напад на нивна колешка, истакнувајќи дека државата мора да обезбеди безбедност и правда за сите кои протестираат мирно.

„Ова не е само борба на една мајка, ова е борба на сите нас против рамнодушноста и неправдата,“ стои во пораката на студентите кои ѝ дадоа отворена поддршка на Дијана.

Граѓанските иницијативи најавуваат дека протестите и маршевите на тишината ќе продолжат, сè додека институциите не преземат одговорност за трагичниот случај и за условите кои довеле до загуба на млад живот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни