Дијамантскиот брош, кој Наполеон го изгуби кај Ватерло, продаден за 3,5 милиони франци

Дијамантскиот брош што Наполеон го загуби кај Ватерло е продаден на аукција во Женева за над 3,5 милиони швајцарски франци, далеку над проценетата вредност

Дијамантскиот брош, кој францускиот император Наполеон Бонапарта го загуби бегајќи од битката кај Ватерло на почетокот на 19 век, денес беше продаден за повеќе од 3,5 милиони швајцарски франци (3,79 милиони евра) на аукција во Женева, соопшти аукциската куќа Sotheby’s.

Брошот, кој може да се носи и како приврзок, содржи овален дијамант тешок повеќе од 13 карати, околу кој има помали сечени дијаманти.

Беше продаден за значително повисока сума од очекуваната, бидејќи горната граница на неговата вредност пред продажбата беше проценета на 200.000 франци (216.000 евра).

Цената на аукцијата достигна 2,85 милиони франци (3,08 милиони евра), на што се додаваат такси и други трошоци вклучени во конечната цена.

Овој округол скапоцен камен е пронајден меѓу личните работи на Наполеон, во кочии кои заглавија на каллив пат додека тој и неговите војници бегаа од британските и пруските сили, наведува Sotheby’s.

Скапоцените камења повеќе од два века биле дел од семејното наследство на пруската кралска куќа Хоенцолерн. Аукциската куќа Sotheby’s не ја откри идентитетот на продавачот, додека за купувачот наведува дека е „приватен колекционер“.

На аукцијата бил и зелен берил тежок повеќе од 132 карати, за кој се верува дека Наполеон го носел при крунисувањето во 1804 година. Овој камен е продаден по импресивна цена од 838.000 франци (906.000 евра), додека проценетата цена пред продажбата била повеќе од 17 пати помала.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни