Признат дијабетес тип 5 – нова форма поврзана со неухранетост

Новиот тип дијабетес е поврзан со недоволно развиен панкреас поради долготраен недостиг на хранливи материи во раниот живот

Меѓународна федерација за дијабетес годинава официјално го призна дијабетесот тип 5 како посебна форма на болеста, пренесува порталот Science Alert. Станува збор за помалку познат, но сериозен тип дијабетес кој се разликува од досега познатите тип 1, тип 2 и тип 3.

Според објаснувањата на експертите, дијабетесот тип 5 е директно поврзан со неухранетост, особено во детството и адолесцентниот период. Кај оваа форма на болеста, проблемот не произлегува од автоимуна реакција или инсулинска резистенција, туку од недоволно развиен панкреас. Долготрајниот недостаток на хранливи материи во раните фази од животот доведува до трајни структурни и функционални промени на органот, што подоцна резултира со нарушена регулација на шеќерот во крвта.

Меѓународната федерација за дијабетес нагласува дека признавањето на дијабетес тип 5 има важно значење за глобалното здравство, особено во земјите со висок степен на сиромаштија и неухранетост. Новата класификација треба да придонесе за попрецизна дијагностика, подобар пристап кон терапијата и развој на специфични здравствени политики за превенција и третман на оваа форма на дијабетес.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни