Дигиталниот граничен систем на ЕУ за влез и излез стапи на сила низ земјите членки

Новиот систем за влез и излез (EES) на ЕУ стапи на сила: државјаните на трети земји ќе мора да регистрираат отпечатоци и фотографии при влез во Шенген-зоната. Целосна имплементација се очекува до април 2026.

Земјите членки на Европската Унија во неделата започнаа со примена на нов систем за електронска регистрација на влез и излез на нивните надворешни граници. Системот вклучува електронска регистрација на податоци за државјани од трети земји.

Во неделата, ЕУ започна постепена имплементација на нов електронски граничен контролен систем, познат како Entry/Exit System (EES), кој подразбира земање отпечатоци од прсти и фотографирање на патници од трети земји пред да влезат во 29 европски држави.

Иако автоматизираниот систем почна со работа во неделата, се очекува целиот процес да трае околу шест месеци додека целосно се имплементира во сите земји членки на ЕУ.

Големите аеродроми во Италија – вклучувајќи ги Фјумичино и Малпенза, како и пристаништата Џенова и Чивитавекија, започнаа со употреба на новиот систем во неделата, додека Германија почна со постепено воведување во Штутгарт.

Според Европската комисија, новиот дигитален систем има за цел да ги идентификува лицата кои го пречекоруваат рокот на визата, да се спротивстави на нелегалната миграција и да превенира измами со идентитет. Лансирањето на системот доаѓа како резултат на сè поголем политички притисок во многу земји на ЕУ за заострување на политиките за миграција.

Системот за влез и излез е дигиталната основа на нашата нова заедничка европска рамка за миграција и азил“, изјави европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер.

Секој државјанин на трета земја кој ја преминува надворешната граница ќе биде подложен на проверка на идентитет, безбедносни проверки и регистрација во базите на податоци на ЕУ“, додаде тој.

Тој нагласи дека “периодот од шест месеци за имплементација ќе им овозможи на земјите членки, патниците и бизнисите да се прилагодат без тешкотии на новите процедури“.

Со примена на овој систем, недржавјаните на ЕУ ќе мора да ги регистрираат своите биометриски податоци при прв влез во Шенген-зоната.

Системот ќе важи за сите земји на ЕУ освен Ирска и Кипар, како и за Исланд, Норвешка, Швајцарија и Лихтенштајн. За понатамошни патувања, ќе биде потребна само биометриска верификација на идентитетот.

Се очекува EES да биде целосно оперативен на 10 април 2026, кога традиционалните печати во пасошите целосно ќе бидат заменети со електронски записи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни