Во просториите на Europe House Skopje се одржа промоција на VR и AR апликациите изработени во рамките на проектот „SHELeadersVR“ (Владетелки на Балканот) поддржан од програмата „Креативна Европа“. Координатор на проектот е Здружението за дигитализација и информатизација на културното наследство DIGI.BA од Сараево (Босна и Херцеговина), а партнери се NOHO Limited (Даблин, Ирска), Археолошкиот Институт од Белград (Србија), Народниот музеј на Црна Гора, Подгорица (Црна Гора), Сараевскиот Универзитет за наука и технологија, експерти иинформатичари од истражувачката лабораторија ‘Sarajevo Graphics Group’, како и Електротехнички факултет при Универзитетот во Сараево. Центарот за научно истражување и промоција на културата „ХАЕМУС“ од Скопје се јавува како координатор за Македонија, додека м-р Василка Димитровска, креативен директор на ХАЕМУС во својство на главен консултант на проектот.

Целта на проектот е да се создадат дигитални апликации коишто ќе овозможат користење на виртуелна и проширена реалност при реконструкција на животот, дејствијата, просторот за живеење и предметите поврзани со пет избрани жени – средновековни владетелки од територијата на Западниот Балкан. Врз основа на научно истражување, пишани и визуелни извори, беа создадени сценарија за играниот сегмент на VR апликацијата како и фантастични костуми со цел да се оживеат петте женски владетели на средновековниот Балкан.На реконструкцији на костумот на византиската принцеза и кралица Марија Палеологова, работеше м-р Василка Димитровска, креативен директор на ХАЕМУС. Костумот беше изложен за време на пресконференцијата, а понатаму ќе биде изложен и достапен при различни промотивни активности.
„Историскиот костум на кралицата Марија Палеологова е специјално создаден за потребите на AR и VR апликациите, кадешто го носи вистинска актерка во автентично историско опкружување кое е дигитално реконструирано. Поради спецификата на театарската изработка, косумот не може да се облекува како кај примерите со жива интерпретација на наследството, туку е изложбен експонат којшто јавноста набрзо ќе има можност да го види.

Дополнително со историскиот костум, ХАЕМУС доби на управување и целосна опрема за VR искуство која вклучува и специјални окулари или очила за VR со чија помош ова искуство во времетраење од половина час е сеопфатно за сите сетила. Со нив може да се погледнат приказните за 5 кралици кои се направени во форма на интерактивна квиз-игра, а кога ќе ги заврши петте видео игри се отвора шеста врата која води кон тајна одаја каде се наоѓаат предметите (артефактите) што корисникот ги собрал попатно.

„Тоа е видео игра, каде што треба да се пронајдат тајни артефакти коишто припаѓаат на сите кралици. Во случајот со Македонија, корисниците на апликацијата буквално влегуваат во средновековната Палата на Скопско Кале која за потребите на проектот е реконструирана, се движат низ неа и решаваат загатки, за да можат да го пронајдат тајниот предмет којшто ѝ припаѓал на средновековната владетелка Марија Палеологова“, вели Василка.

Трн: Дали мислиш дека ова е трендот на дигитализација на културното наследство?
Василка: Моментално, дигитализација на културното наследство е во експоненцијален раст насекаде во светот, но дали е ова вистинскот тренд за наследството не можеме да кажеме со сигурност, бидејќи за 2-3 години може да излезе нешто ново, а со развојот на вештачката интелигенција може сѐ да очекуваме. Но за сегашно време и за овие нови генерации кои се навикнати на видео игри, ваквата презентација на наследството која го зборува нивниот јазик е неопходна. Децата што ни дојдоа вчера многу брзо и добро се снајдоа во простор и во време со VR апликацијата, подобро од оние повозрасните кои за прв пат поминуваат низ вакво искуство.
Кога ќе се стават VR наочарите забележавме дека корисниците кои не се навикнати на ваква презентација може да имаат вртоглавици, затоа што всушност тие се во позиција на мирување но со помош на VR наочарите и рачни управувачи се движат низ просторат, трчаат, се кријат како и во секоја друга видео игра, има звуци од сите страни, се отвораат врати кои делуваат толку вистински што мислат дека ќе ги удрат. Oва е убав начин за презентација на наследството, но сепак треба да се напомене дека овие проекти засега се доста скапи, бидејќи влегуваат во сферата на гејминг индустријата. Добрата работа е што програмата „Креативна Европа“ кога ќе препознае навистина добра идеја како што е нашиот проект„Владетелки на Балканот“ (SheLeadersVR), тогаш дава и комлетна финансиска поддршка.

Трн: Што е следно што ти би го работела?
Василка: Покрај AR И VR апликации како резултати од проектот “SheLeadersVR”, проект подржан од програмата „Creative Europe” во којшто сум главен консултант, создадов и вистинска авантура која буквално пред очите на посетителите го оживува наследството од средновеквниот период на Скопје. Авантурата ќе ги врати посетителите директно во 14-от век, воведувајќи ги во животот и времето на кралицата Марија Палеологова и нејзиното пристигнување на кралскиот двор во Скопје.
Ова игрифицирано искуство како и сѐ друго во рамките на мојата лична програма за интерпретација на наследството „Storytelling Skopje“ е исполнето со мистерија, загатки и разни потраги кои се случуваат на Скопското Кале, правејќи ја историјата жива на забавен и интерактивен начин за сите возрасти.

Трн: Како изгледале петте кралици, кои кралици се опфатени, како се облекувале, како изгледал нивниот живот, што е специфично за нив?
Василка: На ова прашање најдобро е да одговорат корисниците на VR апликацијата, бидејќи таа е наменета да ги одговори токму овие прашања. Попатно, патувајќи низ различни држави на Балканот, преку овие пет приказни за средновековните кралици корисниците учат и за паралелната историја на Балканот. Во тоа им помага секако и VR (мобилната) апликација која ќе може бесплатно да се преземе од интернет, но бидејќи е геопозиционирана, се отвора само доколку корисниците го посетат историското место коешто е преставено и на тој начин ќе имаат автентично искуство. Набрзо, целиот проект ќе биде достапен на македонската јавност, па ги покануваме луѓето да ги следат активностите на ХАЕМУС за да бидат навремено информирани кога ќе го посетиме нивното место на живеење.