Дигитална ликовна колонија за 120 годинишнината од раѓањето на Мартиноски

Со дигитална ликовна колонија на која ќе творат осум млади дизајнери ќе се одбележи јубилејот од 120 години од раѓањето на академикот и ликовен уметник Никола Мартиновски. Во Крушево ќе биде отворена изложба на која ќе бидат претставени дела инспирирани од уметничкиот стил на Мартиноски, создадени со дигитални алатки.

„Во Крушево, оваа година се одбележува 120 години од раѓањето на Никола Мартиновски, се навршуваат 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на Галеријата Мартиноски“, посочуваат организаторите.

На 15 август во Крушевската чаршија, а на 18 август во Галерија „Никола Мартиноски“, во организација на Europe House Skopje, посетителите ќе имаат можност да ги видат делата изработени под менторство на Зоран Кардула.

Најново

Последни колумни