Дигитална изложба „Фауна“ во Битола – урбана уметност во зголемена реалност

Францускиот институт во Скопје има чест да го најави поставувањето на дигиталната изложба „Фауна”, која ќе се одржи во центарот Битола, на Широк сокак, со почеток од 14 октомври 2025 година. Изложбата ќе биде отворена еден месец.

Изложбата претставува иновативен пристап кон урбаната уметност која комбинира збогатена реалност и еколошка свест.

Во рамките на проектот „Дигитални уметности, иновации и млади”, „Фауна” е серија на постери во голем формат кои треба да се набљудуваат со апликација за зголемена реалност. Поставени на јавен простор, постерите се надополнуваат така што нивното разгледување е налик на игра.

„Оживувањето” на постерите преку екранот во зголемена реалност овозможува да се открие некое животинче скриено во длабочината на пејзажот. Оваа изложба нè учи да гледаме поинаку и повнимателно на она што не опкружува и да ја откриеме магијата на градот.

Изложбата ја презентира францускиот уметник и актер Матје Пуле, кој ќе одржи серија активности во Битола, вклучувајќи:

  • Семинар за наставници по француски јазик
  • Креативни работилници за две групи ученици околу изложбата
  • Посети на изложбата анимирани од страна на актерот Матје Пуле, во сабота, 18 октомври 2025 година, во 11:30 и 12:30 часот. Поаѓањето за групните посети изложбата ќе биде од Универзитетската библиотека Свети Климент Охридски во Битола.

Настанот се организира во соработка со НВО Центар за деконтаминација од Битола и Француската алијанса во Битола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни