Државен архив на Македонија

Дигитализирани 25.865 фотографии на Милтон Макани

Проектот е дел од Програмата за загрозена архива администрирана од Британската библиотека , поддржана од „Аркадија’ – добротворен фонд на Лисбет Раусинг и Питер Болдвин

Со изложба на досега невидени фотографии од Милтон Манаки, Битолското одделение на Државниот архив на Македонија по две години интензивна работа го заврши проектот за  дигитализација и конзерваторска заштита на фотографските плочи на Милтон Манаки.

Се работи Проектот „Time stands still: preserving the Manaki brothers’ photographic legacy“ или „Времето застанува: зачувување на фотографското наследство на браќата Манаки“.

Проектот е дел од Програмата за загрозена архива администрирана од Британската библиотека , поддржана од „Аркадија’ – добротворен фонд на Лисбет Раусинг и Питер Болдвин.

Иако првично било планирано да се испорачаат 20.000 дигитални фотографии, направени биле 25.865.

Со ова се реализира идеата на Милтон Манаки, кој во 60 тите години на минатиот век ги однел своите фотографии, документи и филмски ролни во битолскиот Архив и заедно со архиварите ги регистрирал и опишал сите свои слики.

Историчарите архивари најпрвин направиле примарно чистење и основна заштита на скенираниот материјал, креирале метаподатоци соласно ИСДАГ стандард и потоа ги препакувале сите фотографии во нов pH неутрален материјал.

Од архивот најавуваат дека суште има материјал кој не е среден според архиварските правила. Се работи за околу 1000 негативи стаклени плочи, повеќе од 1000 план и рол филмови, неколку стотина оригинални фотографии може да бидат продолжението на овој проект.

Хард диск со дигитализиран материјал од преку 6.563 негативи стаклени плочи, 1.351 план филмови, 10.981 оригинални фотографии и 3.867 листови документи се на пат кон Британската библиотека. Таму овој материјал ќе биде псотавен на интернет платформа , кога секој во секое време насекаде по светот ќе може да го види делото на првите балкански сниматели Јанаки и Милтон Манаки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни