Речиси половина од индустриските компании стравуваат дека сајбер нападите ќе ја загрозат нивната дигитална трансформација, според анкета на „Касперски“ и „ВДЦ Рисрч“. Иако 67% од компаниите планираат целосно да се дигитализираат во следните две години, сајбер безбедноста останува најголемата пречка.
Дури 43,8% од организациите ги наведуваат сајбер ризиците како клучен проблем.
Речиси половина од компаниите признаваат дека нивните постоечки безбедносни мерки не се доволни, а 46,9% немаат доволно пари или персонал за заштита на оперативните технологии (ОТ).
Комплексната интеграција на ИТ и ОТ системите дополнително ги забавува процесите. Регулаторните барања само го зголемуваат притисокот.
И земјите во регионот исто така, се соочуваат со слични предизвици.
Уште позагрижувачки тие се меѓу најранливите земји во однос на сајбер нападите врз облачните системи.
Недостатокот на експерти дополнително го попречува напредокот. Повеќе од 40% од компаниите немаат доволно обучен персонал, а потребни се повеќе од шест месеци за да се пополни една безбедносна позиција.