Според нутриционистите, ова е природен биолошки одговор: телото бара повеќе „гориво“ за да ја одржи топлината, пишува Express.co.uk.
Зошто гладта се зголемува во зима?
Диететичарката Карин Пател од „Dietitian Fit“ ја објаснува физиологијата зад овој феномен.
„Во зима телото работи поинтензивно за да ја одржи внатрешната температура стабилна. Тоа може да го зголеми апетитот, особено за храна што брзо дава енергија. Затоа веднаш бараме јаглехидрати кога ќе влеземе од студено,“ вели Пател.
Освен зголемената потреба за енергија, улога игра и хормоналната рамнотежа. Нивото на серотонин „хормонот на среќата“ природно паѓа во зима. Храната богата со јаглехидрати може привремено да го подигне, па затоа ни создава чувство на утеха. Истовремено расте и грелинот, „хормонот на гладта“, што може да создаде лажен апетит и чувство дека не сме сити дури и ако сме јаделе пред кратко време.
Како да ја држиме гладта под контрола?
Иако зимскиот апетит е нормален, Пател препорачува неколку лесни начини за управување со истата.
Топли и хранливи супи
Еден од најдобрите избори се топлите супи богати со протеини:
–пилешко, грав, домати
– плус додавање киноа за дополнителна ситост
„Комбинацијата на топлина и протеини е добитна во борбата против зимската глад. Топлата храна го смирува телесниот стрес-одговор, што природно ги намалува желбите,“ објаснува Пател.
Почнете го денот со протеини
Протеински богат појадок може да ве одржи сити подолг период. Пример: грчки јогурт со шумски плодови и цимет.
Циметот помага во стабилизирање на шеќерот во крвта, па го спречува падот на енергијата кој често доведува до попладневни напади на глад. Добар избор е и свежо сирење богато со омега-3 масни киселини.
Замењувањето на студени пијалоци со топли билни чаеви може да помогне во намалување на „лажната“ глад што ја предизвикува дехидратацијата.
„Топлите напивки помагаат да останеме хидрирани, ја намалуваат гладта што доаѓа од недоволниот внес на течности и истовремено даваат чувство на удобност,“ заклучува Пател.
Извор: N1info.rs
