Обидите за слабеење може да се покажат како голем проблем, наспроти целиот ваш труд. Нутриционистите препорачуваат постепено губење на килограмите со здрава исхрана и редовно вежбање, но понекогаш ни треба „симнување“ само на неколку килограми пред некој важен настан.
Ваквите строги и брзи диети не се препорачуваат како редовен режим на исхрана и не треба да ги применувате често. Војничкот режим и самодисциплина се многу важни за успехот на оваа тридневна диета.
1 ден
Појадок: Половина цитрон, парче интегрален леб со две лажици путер од кикирики, кафе или чај без шеќер (ако сте алергични на кикирики, заменете го путерот со хумус)
Ручек: Половина шолја туна, парче интегрален леб, чај без шеќер
Вечера: 80 гр пилешко месо, шолја грашок, половина банана, мало јаболко и една шолја сладолед од ванила
2 ден
Појадок: Едно јајце, половина банана, едно парче интегрален леб
Ручек: Шолја младо сирење, тврдо варено јајце, пет солени крекери
Вечера: Две виршли, една шолја брокули, половина шолја рендан морков, полоцина банана, половина шолја сладолед од ванила
3 ден
Појадок: Пет солени крекери, 30 грама сирење, едно мало јаболко
Ручек: Две тврдо варени јајца и едно парче интегрален леб, чај без шеќер
Вечера: Една шолја туна, половина банана и една шолја сладолед од ванила
Вода може да пиете неограничено, а ако се придржувате строго до диетата може да изгубите до 4 килограми.
Советуваме да се консултирате со лекар или нутриционист пред да ја почнете оваа ригорозна диета.
Исто така, имајте на ум дека строгите диети имаат јо-јо ефект ако од наредниот ден повторно јадете обилно.
Најдобар начин за ефикасно слабеење е балансирана исхрана, редовна физичка активност и здрав сон.
Извор: telegraf.rs