Диди обвинет за уште пет кривични дела

Американскиот рапер и музички продуцент Шон Диди Комбс е обвинет во ново федерално обвинение кое го товари за уште пет кривични дела, вклучувајќи рекетирање и трговија со луѓе за сексуална експлоатација, покажуваат судските записи.

Шон Диди Комбс се изјасни за невин затоа што наводно ги принудувал вработените да работат долги часови и се заканил дека ќе ги казни оние кои одбиле да помогнат во неговата дводецениска шема за трговија со луѓе.

Наводно, Комбс и неговите соработници „ја задржале контролата“ врз некои вработени со тоа што ги принудувале да работат долги часови и малку да спијат, користејќи или заканувајќи се дека ќе употребат физичка сила, финансиска штета, психолошка штета и закана за повреда на нивниот углед.

Комбс (55) се изјасни за новото обвинение пред американскиот окружен судија Арун Субраманијан на сослушувањето во федералниот суд во Менхетен, објави Гардијан. Судењето е закажано за 5 мај.

Комбс претходно се изјасни за невин за рекетирање, сексуална трговија и транспорт поради обвиненија за проституција.

На Комбс му се суди под обвинение за трговија со луѓе за сексуална експлоатација, рекетирање и поврзани обвиненија за проституција.

Раперот моментално се наоѓа во притворскиот центар Метрополитен во Бруклин. Тој беше уапсен во септември 2024 година под обвинение за трговија со луѓе, рекетирање и други федерални прекршоци. Неговото барање за кауција беше одбиено, а тој ќе остане во притвор во очекување на судењето.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни