Велат дека секое време носи свои правила, вредности и принципи. За едни Борјан Илковски не значат ништо, за другите пак тоа се името и презимето на еден од најистакнатите македонски ди-џеи на новата генерција. Борјан Илковски или ако милувате ди-џеј Боно иако иам само две ипол децениско животно искуство веќе цврсто чекори по своите патеки низ музичкиот свет.
Македонија ја шетал и долж и попреку, а за неговите квалитети сведочат бројните настапи ширум државата, но ди-џеј Боно открива и зошто е скоро не возможно да го сретнеме во градот под Водно.
„Искрено, сега е многу лесно. Во ова време сè е полесно, во моето време беше ептен тешко. Во скопските клубови секаде има resident ди-џеи, кои за жал го убиваат бизнисот од секој поглед… Но, само во Скопје е тешко да почнеш како ди-џеј и да се одвоиш, во другите градови е многу полесно. Не се толку „еднонасочни“, сакаат разноликост. Во Скопје бев многу развиен пред 4-5 години на Junirot сцената, кај и да одев – рушев рекорди. До ден денес се паметат тие забави. Не настапувам најпрвин заради тоа што локалите не плаќаат доволно, а и мислат дека не сум достоен за нив или, како што велат – недораснат. Како дете бев бунтовен за диџејска дневница, па можеби тоа им пречи на поединци. Не прифатив по секоја цена да бидам пион, па еве каде ме донесе тоа“, вели Боно.
Исто така отворено зборува и за тоа како знае да направи забава за сите возрасти, од седум до 77 години.
„Да, вистина е дека правам забави за луѓе од 7 до 77 (се смее). Ќе бидам искрен, растен сум со музика од разни стилови. Татко ми, ми пушташе од The Doors до Jean-Michel Jarre, а знаеше да ми пушти и Васка Илиева, Никола Бадев, Гоце Арнаудов и ред други македонски народни изведувачи… Додека мајка ми, ми пушташе музика од Азис до Мухарем (се смее). Растејќи си додадов и мој стил, а сето тоа ми овозможи да сум подготвен и прилагодлив за секоја возраст и музика. И сметам дека вистински музичар не „хејта“, ниту пак критикува стил на музика“, раскажува тој додека во рацете држи фотографии од неговите први настапи.
И додека за многумина новата година е период на поставување нови предизвици и цели, Боно се наврати и на своите почетоци.
„Како Dj се бавам од многу мал (10 годинки). Паметам, бев ди-џеј на родендените на сестра ми и на моите (се смее). Потоа, сето тоа прерасна во огранизирање забави во моето маало, за кои сите мои врсници знаеја и беа дел од нив. Беа најозборувани, доаѓаа деца и од други маала, па така тоа прерасна во професија“, вели тој.
Не крие и дека во новата огдина си посакал да има повеќе време остварување на нови проекти и цели. Но и дека сака да биде легенда, бидејќи не бил родил за Resident Dj!