Додека светот продолжува да се врти околу својата оска среде интензивни и вознемирувачки времиња, клубвите се доказ за тоа дека сè уште може да најдеме место за забава. Без разлика дали сакате возбудени да го прифатите хаосот, да се исклучите и да се посветите на духовноста или да останете во кругот на вашите најблиски пријатели, подиумите помагаат во инспирирањето на радост, утеха и решителност. Денс-музиката продолжува да делува како противотров, застанувајќи во одбрана на маргинализираните, организирајќи ги напорите на заедницата да спроведе значајни промени и обезбедувајќи бегство од реалноста преку инвентивни звуци и нови музички движења. Подолу, издвоивме 25 диџеи кои ја одбележаа годината што помина.
BULLZEYE
Откако ја започна својата кариера како диџеј во 1999 година, Bullzeye за многу брзо стана влијателна фигура во индиската денс музика. Во неговата родна земја, Bullzeye имаше настапи скоро во секој голем град, вклучувајќи ги Калкута, Њу Делхи, Пуна, Раипур, Ченаи, Кимсар, и неговиот роден град Мумбаи. Тој исто така вложи многу работа за поддршка на следната генерација музичари во земјата, служејќи како ментор во образовниот камп за музичка продукција на диџеи Рами Шарма, кој беше популарен и во Европа со резервации од Амстердам, Берлин и други европски градови.
CHRIS STUSSY
Холандскиот диџеј Chris Stussy беше главен центар на магијата во хаус музиката како и воведување на помладата публика во музиката. Неговите беспрекорни сетови имаат безвременски квалитет кој сите го препознаваат. Stussy го пронајде својот вистински ритам во 2023 година, достигнувајќи голем успех во светот на електронската музика, настапувајќи на сцената на Coachella, Warehou se Project и Circoloco, каде обожавателите го препознаваат. Милионските прегледи што ги заработи преку онлајн платформите како TikTok, исто така, ги нагласуваат неговите достигнувања и успех во хаус музиката кај новата генерација.
DBN GОGO
Со потекло од Дурбан, израсната во Преторија, нејзиното големо пробивање во светот на музиката беше во 2021 година со популарниот сингл „Khuza Gogo“. Додека патријархалните ставови поврзани со музичката сцена во Јужна Африка се обидоа да ја срушат, DBN Gogo е горда на нејзиниот успех и тоа што работи напорно за да го достигне врвот во својата кариера. На крајот на краиштата, нејзиниот талент е неоспорен и со право е ја сметаат како еден од најдобрите диџеи. DBN Gogo, ја одбележа 40-годишнината на Mixmag во септември каде се претстави со едночасовен микс .
DJ NOBU
Диџеј Нобу ја започна 2023 година со сет музика која ја спреми за легендарната новогодишна забава на Бергхаин и вети дека „ќе работи уште понапорно оваа година“. Јапонскиот ветеран тоа и го испорача, зацврстувајќи ја својата позиција како великан на денс музиката на сите времиња, истовремено покажувајќи знаци дека сè уште расте и станува уште подобар. Тој настапуваше речиси насекаде низ светот, маѓепсувајќи толпи со психоделично техно. Но, тој, исто така, покажа подготвеност да учи и да ја развива својата разноврсност, нудејќи и на публиката и повеќе хаус и диско сетови. Каков и да е неговиот настап, диџеј Нобу, секогаш ја остава публиката занемена од неговата динамика, внесувајќи толку многу емоции што дури и го доведе до солзи на свирка во лондонскиот ФОЛД.
EVIAN CHRIST
Откако ја помина последната деценија пренесувајќи го своето апокалиптично транс искуство на публиката, оваа година Evian Christ го носи светот на електронската музика уште подалеку со своите диџеј-сетови. Способноста на Еvian Christ да ги комбинира звуците би била доволна за да го направи еден од највозбудливите диџеи наоколу, но во комбинација со неговиот сет-ап за осветлување што се случува еднаш во животот- тој ја пишува формулата на модерниот клубски настап. „Не можете да го најдете ова на Spotify“, ни рече тој во неговото интервју за насловната страница на Mixmag претходно овој месец, и беше во право.
HEDEX
Хедекс почна да се занимава со диџејство на 16-годишна возраст и оваа година се избори за својот пат до врвот . Поттикнувајќи голем број на посетители кои лутаат да застанат до бината каде што е тој, Hedex го предводи патот за најновата генерација фанови . Исто така, тој е и успешен продуцент а неговите високо-адреналински траки навистина оживуваат во неговите експлозивни сетови, кои привлекуваат сè поголема публика.
HORSEGIIRL
Денс музиката продолжи да ги поместува границите меѓу андерграунд и мејнстрим оваа година со прифаќањето на нови ѕвезди кои изгледаат скроени за да постигнат вирална слава. Патувајќи низ светот од нејзината домашна сцена па се до најмрачните клубови во Берлин, вклучително и дебито во барот Панорама, диџејката галопираше на сцената со своите сетови.
Оваа година, исто така, го објавија синглот „My Barn My Rules“заедно со нејзин колега, кој стана многу популарен на TikTok, собирајќи милионски прегледи. Крајната љубопитност околу оваа диџејска карикатура со глава на коњ ги плени желните фанови кои очајно сакаат да го фатат нејзиниот ексцентричен изглед и сетови.
I.JORDAN
Диџејот израснат во Донкастер има силни корени во светот на музиката и навистина се потпира на нив остварувајќи неверојатен успех. Оваа година обожавателите се собраа да ги видат настапите насекаде, од Шангај до Чикаго, често заедно со SHERELLE додека парот започна на светска турнеја и го објави своето очекувано заедничко EP, „M1, M3 / GetOutOfMyHead“. Неодамнешните соработки со луѓе како Фред , Елиза Роуз и Роми го ставаат I. JORDAN во центарот на вниманието одново и одново во 2023 година. Диџејот и продуцентот, исто така, го започна и проектот фокусиран на заедницата Trans Formation, формиран за поддршка на транс уметници, каде се зборува за прашања како што се штетата што капиталистичките структури ја имаат врз денс музиката и потребата за ослободување на маргинализираните заедници.
JAEL
Сетовите на JAEL обединуваат широк спектар на жанрови, сите се надополнуваат еден со друг со неговиот препознатлив амбиент на возбудливи звуци за танцување. „Како диџеј, сакам да пуштам музика за сите присутни“, вели тој, а истовремено е и експерт во читањето што точно сака толпата. Како значајна фигура во Лос Анџелес и заедницата Soulection, JAEL сега се впушта во различни делови на светот промовирајќи го духот на живописни и совршено уредени траки за танцување.
JENNIFER CARDINI
Џенифер Кардини ќе одбележи 30 години како диџеј и покажа зошто нејзината моќ да остане на врвот е сигурна. Мешавината на звуци што ги пушта – опфаќајќи хаус, диско и нов бран до електро и техно – е влијателна и возбудувачка, создавајќи уникатна атмосфера на подиумот што понекогаш е магична и ја прави андерграунд музиката омилена меѓу оние кои бараат нови искуства. Резервациите на многу од најдобрите светски клубови и фестивали оваа година, вклучително и Panorama Bar, De School, Amnesia, Fuse, Lux Fragil, Nitsa, Paragon, Glastonbury, Mutek, Positive Education и Tomorrowland, го потврдуваат тоа. Во исто време, таа продолжи да ја надоградува својата импресивна кариера со нови проекти и достигнувања, вклучително и лансирање на мултидисциплинарната платформа Færies Records со визуелниот уметник Лу Фауро.
ЈUBILEE
За љубителите на оваа диџејка секој звук е причина за радост. Иако е тешко да се прецени нејзиното влијание во последните 10 години, оваа година јубилејот ја донесе нејзината музика до повеќе публика од кога било досега – од Торонто до Осака, од Делхи до Копенхаген. Таа настапи на Тајмс Сквер овој август, а потоа и во Бергхаин. Она што навистина го издвојува јубилејот е нејзиниот нескротлив ентузијазам за работата што таа ја сака – постојано истакнувајќи ги најдобрите местата низ светот и одвојувајќи време да ги покани и другите диџеи/продуценти, оддавајќи им почит на пионерите кои и помогнале да создаде музика што ја сака.
JYOTY
Ретко е да се види како диџеј успева да биде „дефиниција за успех’’ две последователни години, но не секој е Jyoty. Таа го продолжи својот пат кон светска доминација и во 2023 година, почнувајќи ја годината на насловната страница на Mixmag и настапувајќи во повеќе распродадени HOMEGROWN забави, светска турнеја и BBC Radio 1 Essential Mix . Откако се пресели во Бразил на почетокот на оваа година, Џиоти неуморно работеше за да ја усоврши својата музика за новооткриената глобална публика.
KAMPIRE
Кампире од Уганда е исто толку добар диџеј, колку што е технички волшебник, а оваа година беше незапирлива. Играјќи со звуците и текстурите на денс-музиката вкоренета во Африка, Кампире му оддава почит на нејзиниот дом со музички стилови создадени таму и низ континентот. Оваа година, таа продолжи да одржува редовно шоу на NTS и остана главен член на кампот Nyege Nyege, со зачудувачки турнеи. Погодувајќи ги речиси сите континенти ширум светот во 2023 година со нејзините динамични изведби – вклучувајќи ги Европа, Африка, Јужна и Северна Америка – Кампире беше лек за вознемирувачките случувања низ светот и во нејзината матична земја. „Тоа беше ужасно време за заедницата во Уганда“, им рече таа на обожавателите во јули. „Затоа, срежна сум што ја имам можноста да создадам радост на подиумот со сите вас.’’
KAREN NYAME K.
KAREN NYAME K. – божицата на ритамот со право го добила своето име. Во Лондон, диџејката и продуцен е домаќин на сопствена специјална серија на настани, постојано распродавани во 2023 година. Оваа година, таа лансираше и нова издавачка куќа Rhythm In The City со цел да ги „скрши конвенциите и формулите во електронската музика“. Покрај големиот број на ремикси направени за луѓе како PinkPantheress и Kelela, 2023 година се покажа како напорна година за KAREN, настапувајќи во различни клубови секој викенд.
КЕТТАМА
Годината на Еван Кембел беше еуфорична од првиот до последниот настап, почнувајќи со турнеи во Северна Америка и Австралија и завршувајќи со соработка со Underworld, свирејќи речиси во секој клуб и на секој фестивал. Неговиот настап на фестивалот АВА веќе има собрано речиси четвртина милион прегледи на YouTube, со неговиот посебен стил што се движи помеѓу техно и гето хаус со хип хоп влијанија не само што го преземаат светските клубови, туку и интернетот. Еден ден по неговиот сет во АВА, продуцентот на Steel City Dance Discs настапуваше пред 13.000 луѓе со Mall Grab.
KITTY AMOR
Кити Амор има јасна визија како уметник. Таа го истакна главниот аспект на тоа кога го објави лансирањето на Rinse FM во март оваа година, тврдејќи: „Ширењето на звуците на африканската електронска музика и оние што допрва ќе го откријат нашиот звук е главната мисијата“. Таа се заложи за оваа мисија целата година, станувајќи еден од највидливите и најпопуларните диџеи на афро-хаус, носејќи го звукот на некои од најголемите сцени во денс музиката.
Оваа година таа, исто така, отпатува подалеку од кога било досега и остави впечаток на водечките светски подиуми за танцување, претставувајќи ја африканската електронска музика во Латинска Америка и на Tomorrowland. Потпишување договор со Defected Music Publishing и лансирање на нејзиниот отпечаток Mahaba Music и споделување на портрет од нејзиното патување во животот и музиката во документарниот филм Who’s Kitty Amor е дополнителен показател за внимателен, решителен и влијателен уметник како што е таа.
MANUKA HONEY
Љубител на сè што е жестоко и малку нестабилно, Манука Хани внесува специфичен шарм во својата латино клубска музика .Но се чини дека европската сцена конечно почна да ги отвора очите за богатата низа жанрови на оваа диџејка родена во САД. Секогаш истражувајќи ги разновидните звуци на латинскиот андерграунд, Манука Хани работи на тоа да ја запознае европската публика со оваа музика. Нејзините SUZIO забави донесоа голем број на посетители во латинските клубови во Лондон. Сè на сè, оваа година Манука Хани ја постигна својата цел и нè натера да танцуваме повеќе.
MOCHAKK
Диџеј Мочак е како ураган на палубите. Тој настапуваше во неговата родна земја Бразил неколку години се додека неговата кариера не почна да се проширува и на меѓународно ниво на почетокот на 2022 година кога на TikTok почна да се прикажува неговата заразна енергија. Тој е изграден токму за овие моменти, станувајќи еден од најбараните диџеи во светот, со врвни настапи од неговиот обемен распоред, вклучувајќи деби во Coachella и Warung Beach Club, резиденции во Лас Вегас и Ибица за Wynn и Circoloco , спремајќи сетови за Time Warp во неговиот роден град Сао Паоло и неговиот водечки настан во Манхајм.
Тој е уверен во спојувањето на сопствениот идентитет во неговата музика и проекти, претставувајќи ја континуираната глобална еволуција на хаус и техно со внесување на самба ритмички талент во неговиот звук, како и влијание од хип хоп, фанк и џез. Успехот со кој се поврзува тој стил е олицетворение на неговата песна „Jealous“ која се најде на врвот на целокупната Beatport топ листа, која беше избрана за главните ремикси на Louie Vega & Anane и „Superstylin“ на Groove Armada.
MOZEY
2023-та година на Mozey е преполна со извонредни шоуа, песни кои се на врвот на топ листите на Beatport и чудни музички спотови кои совршено го опфаќаат неговиот пристап кон диџејството. Познат по неговите акробации и мелодии, во изминатите неколку години Mozey стана огромен хит за фановите на драменбејс ширум светот кои само сакаат да се насмеат. Ова, сепак, беше година кога тој беше препознаен по авторските права на сцената, како што е иконското дуо Chase & Status, со кое диџејот од Ромфорд го направи „On The Block (feat. Sav’O & Horrid1)“, и легендарниот Енди Си, со кој беше на турнеја во Австралија.
SAMA’ ABDULHADI
Сама Абдулхади од Палестина е заслужна за некои од најслушаните диџејски стримови во 2023 година. Секој нејзин сет сигурно ќе го возбуди техно светот и ако сте посетиле некој клуб каде настапувала таа ова лето, веројатно сте ја почувствувале таа еуфорија. Бесконечните настани и распоредот на турнеи кој тешко се следи го засили животот на Сама во 2023 година, вистинска светилка која без напор внесува кул стил во нејзините сетови, вклучително и бурен техно микс. Во 2023 година, Сама, исто така, им обезбеди мастер-класови за диџеи и уметници преку Академијата за диџеи на Пит Тонг. Како прв палестински диџеј и продуцент што излегол од Европа, Сама Абдулхади го искористи својот глас оваа година како важна алатка за протест против хуманитарната криза во Газа, дури и се повлече од емисиите за да им оддаде почит на изгубените животи.
SAMMY VIRJI
Диџејот и продуцентот ја започна својата година со бурна турнеја низ Австралија и Нов Зеланд и ја заврши со најава дека ќе се врати во САД на продолжена турнеја во 2024 година. Овие турнеи го одразуваат растечкиот глобален апетит за овој звук во Обединетото Кралство. Оваа година Сами Вирџи имаше низа настапи во Defected Croatia, Parklife, The Warehouse Project и шоуто на Village Underground кое подоцна го нарече една од најдобрите ноќи во неговиот живот. Соработката со Флоудан го направи Семи Вирџи суперѕвезда.
SKRILLEX
2023 година беше година кога Skrillex стигна таму каде што никој не можеше. Било да е тоа настапот на распродаденото шоу во Медисон Сквер Гарден (MSG) со партнери како Four Tet и Fred, настап во Западен Лондон заедно со Flowdan, M1onthebeat, Peekaboo и Sicaria, овој човек беше насекаде, а неговиот следен потег е невозможно да се погоди. Годината се покажа како една од неговите најнапредни и најуспешни. Два студиски албуми, објавени еден по друг, гореспоменатото распродадено шоу MSG и изненадувачкото затворање на главната сцена на Коачела направија во 2023 година да се зборува за Скрилекс.
SPFDJ
Свеж бран рејвери гладни за најбрзата денс-музика упаднаа низ клубовите оваа година и ниту еден диџеј не ги исполни нивните очекувања како што тоа го направи SPFDJ . Работејќи во жестоко техно царство каде што не постои ниско темпо, оваа инспиративна диџејка се издигна над берлинската андерграунд сцена. Пуштајќи околу 100 сетови на огромен опсег на локации, SPFDJ беше техно циклонот што го зафати светот.
SPINALL
Ако ги гледаме диџеите кои навистина ја дефинираа 2023 година, тешко е да не се спомене SPINALL. Често познат по својата продукциска работа SPINALL ги демонстрираше своите вештини зад миксетата во серија настапи. Дел од причината зошто SPINALL може да ги донесе „вибрациите од Африка во Атланта“, како што вели тој, собирајќи ја истата возбуда од родниот град , е тоа што никој не си игра со жанровите како него.
TASHA
Наведете друг диџеј што може да ја затвори прославата на 30 години од Storm на DJ Storm и Klubnacht на Berghain…. Таша го направи тоа оваа година, со нејзиниот воодушевувачки осумчасовен сет во германската техно институција . Таа ја забавуваше публиката заедно со холандскиот техно феномен Steffi.
Извор: The Top 25 DJs Who Defined The Year 2023 – Features – Mixmag