Стојче Цветановски е роден скопјанец. Toj e уметник инспириран од локалната сцена на неговиот град и неговото родно место, кое често се опишува како водечки хаб за Детроитското техно на Балканскиот полуостров. Ширењето на техно звуците во македонската престолнина и неговата манија за винилни плочи го поттикнале Стојче да го истражи својот пат и да навлезе подлабоко во овој футуристички музички феномен. По години посветени на дџејство, преминал на продукција и во 2009 година еден од основачите на Argumento Music.
Го имал својот пробив со придонеси за издавачки куќи како Artless, DMK, Subwax и Sounds Benefit, основајќи ја својата соло издавачка куќа Tangible Assets во 2011 година, издание кое му овозможува слобода да го истражува и редефинира својот детроитски потпис. Неговите диџеј-сетови се силни патувања со добра доза на емоционален контекст, што сведочи за неговото долгогодишно искуство како диџеј. Тој поголемиот дел од своето слободно време го поминува во своето студио во Мадрид, канализирајќи страст и процес во форма на интензивни звуци, создадени со прецизност и внимание на детали.
Со Стојче разговаравме за неовата музика и кариера во Скопје, градот микс на љубов и носталгија кој вели е нераскинлив дел од неговата персона. Град во кој е израснат и изграден како личност и на кој секогаш настојува да му врати со толку голема мера љубов и внимание бидејќи, вели Стојче, тоа овој град го заслужил.

Трн: Што е концептот на „Tenable Assets“ и зошто само на винил?
Стојче: Концептот на „Tenable Assets“ е издавачка куќа којашто служи за моите соло продукции, кај што нема музички бариери од типот на техно, хаус, електро, некогаш и дап. Успевам да ставам секаков вид на музика на винил без никакви ограничувања и имам комплетна слобода од мојата дистрибуција. Зошто на винил? бидејќи сеуште мислам дека винилот е најдобриот носач на звук и е карактеристиките на оваа андерграунд денс сцена. А како мала независна издавачка куќа е и перфектен модел да се презентира. Винилот како медиум е сеуште најдобриот носеш на звук и еден раскинлив дел од карактеристиките на оваа наша андерграунд независна денс сцена.
Трн: Берхаiм, Трезор, Фјуз, Фабрик, Индустриал, Копера…Омилено место?
Стојче: Па сите овие места се уживаат репутација на најдобрите клубови не само во Европа, туку и во глобални рамки. А за моја среќа имам настапувано и на доста фестивали во помали клубови, во не толку популарни клубови низ сите европски земји. Но, омилено место коешто вака ми остави еден огромен впечаток и доста емотивно го доживеав беше Јужна Африка, кога во октомври успеав да настапам во Кејптаун и во Јоханесбург. Копнеам да се вратам повторно таму. Сретнав луѓе и нација којашто е доста музички образувана и имаат реален сентимент према електронската музика.

Трн: Како се развиваше техното низ годините?
Стојче: Па техното како музика и сите музики идат во некои циклични кругови значи сето тоа го диктираат трендовите, социјалните медиуми, големите издавачи, но јас сепак мислам дека кога ќе одржиш еден континуитет низ сиве овие години презентираш јасен став, личен став према твојата музика и која што е дел од твојот персоналитет, бидејќи луѓе кога те слушаат, имаат некакви очекувања познавајќи го стилот на твоето техно што ти го пушташ. Инаку музиката секако се менува, значи во помодерна форма, но јас не гледам некаква голема разлика помеѓу техното што мене лично ми се допаѓа од касните 90ти, од раните 2000 ти до ден денеска. Среќен што сум што има една нова генерација на техно и на млади техноартисти коишто го препознаваат тој сентимент од касните 90ти години или од раните 2000ти и се инспирирани од таа естетика на техно и се трудат да го достигнат тој звук денеска што е освежување.

Трн: Како ја гледаш електронската сцена во земјава споредбено со големите европски метрополи?
Стојче: Сметам дека Скопје има доволен број на ноќни клубови што работат со електронска музика и сцена и јас сум прилично задоволен и горд на сето тоа што Скопје успеа од почетокот на раните 90ти да го одржи до ден денеска и мислам дека можеме да бидеме горди дека сеуште стоиме рамо до рамо со големите европски метрополи.
Трн: Долго време работиш надвор од Скопје, но често си тука. Што е за тебе Скопје?
Стојче: Значи дефинитивно тоа е некој микс на љубов и носталгија. Мојата врска, мојата релација со мојот роден град е секогаш во прв план за сите мои проекти што ги правам. Имам проекти кои што му ги посветувам на Скопје како и голем дел од мојата музика што излага е посветена и инспирирана од Скопје. Скопје е нераскинлив дел од мојата персона, тука сум израснат, тука сум изграден како личност, тука ги имам добиено сите оние вредности. Значи од основно школо, од средно школо, до првите почетоци со електронската музика, Скопје ми го има тоа сето тоа дадено, вметнато, всадено и секогаш настојувам да му вратам на мојот град со толку голема мера љубов и внимание бидејќи тоа мојот град го заслужил.

Трн: Како Скопје да го врати својот сјај како град познат по својата андерграунд сцена и субкултура?
Стојче: Јас мислам дека Скопје во раните 2000-ти беше познат и во регионот како град којшто има една една многу динамична сцена кај што луѓето од соседството доаѓаат тука да се забавуваат во нашиот град. Она што мислам дека треба да го направиме е да имаме обединувачки глас меѓу клубовите, меѓу промотерите, да пулсираме сите во исти ритам и да го сочуваме она што сега го имаме. Да не бидеме носталгични по некое минато време. Значи да, свесни сме дека Скопје живеело многу подинамичен ноќен живот, но градовите се менуваат, се менува и Скопје, капацитетот на ноќни клубови е дефинитивно намален, но мислам дека пред нас стои една огромна задача да го зачуваме тоа што сега го имаме да го цениме тоа што го имаме и да направиме една сцена на артисти и музичари кои што ќе допринесат во регионални и во глобални рамки Скопје да биде препознаено како една техно мека.
Трн: Планови за 2025? Нови албуми и проекти?
Графика- Диџеј Стојче
Стојче: Веќе ми излезе една плоча за германската издавачка куќа Мичуал Ритам. Очекувам оваа година дека ќе имам уште три синглови. Една плоча за Доли Техно. Series на познатата диџејка Стефи. Ааа ќе имам уште една плоча за Ten Jab S која што ја спремам, која што треба да се појави негде во септември и уште една плоча за фјус од Брисел. Во меѓувреме ќе има неколку компилации и ремикси. Така да очекуваме една плодна година на продукциски план.
Разговарал: Ангел Ангеловски