„Диџеј Ахмет“ на Санденс: Магичен судир на модерното и традиционалното

Дебитантскиот долгометражен филм „Диџеј Ахмет“ ќе ја има својата премиера на фестивалот на независниот филм „Санденс“  во јануари в година. Филмот ќе биде прикажан како дел од главната меѓународна натпреварувачка категорија – World Dramatic Cinema, каде и ќе го започне својот живот.

-Сакам длабоко да им се заблагодарам на стотината луѓе што веруваа во овој филм, кои издржаа во најтешките моменти и дадоа сѐ за успееме да стигнеме до тука – вели режисерот Унковски.

Ахмет, 15-годишно момче од оддалечено село на Јуруци во Македонија, наоѓа утеха во музиката додека се справува со очекувањата на својот татко, конзервативната заедница и своето прво искуство со љубовта — девојка која веќе е ветена за друг.

Унковски се потпира на шармантна млада екипа и величествена, сонлива кинематографија за да го прикаже судирот на модерното и традиционалното со свежи очи, откривајќи еден рурален пејзаж трансформиран од ритамот и исполнет со бои и движење. Воздигнат од топол хумор, симпатични ликови и неочекувано запаѓачки саундтрак, ДЈ Ахмет фрла добродојдено магично влијание кое се одразува долго по последниот радосен тон, вели критичарката Ана Соуза.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни