Дијалог преку уметност изложба на професори од Националната уметничка академија од Софија

Изложбата ги претставува трендовите за образовни практики од областа на визуелните уметности и вклучува 40 дела од 18 професори од Националната уметничка академија, изработени во различни техники од ликовните и применети уметности.

Факултетот за ликовни уметности ја прганизира изложбата со наслов „ДИЈАЛОГ ПРЕКУ УМЕТНОСТ“ на професори од Националната уметничка академија од Софија.

Изложбата ќе се отвори на 12.12.2024 година (четврток) во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ – објект Педагошка во Скопје со почеток во 20 часот.

„ДИЈАЛОГ ПРЕКУ УМЕТНОСТ“ е изложба на професори од Националната уметничка академија (НУА) во Софија, која има за цел да ги зајакне врските помеѓу НУА и Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје.

Преку уметноста, организаторите на изложбата – Министерството за култура на Република Бугарија и Националната уметничка академија – воспоставуваат директен дијалог со Република Северна Македонија.

На овој начин се изразува подготвеноста за развивање и унапредување на партнерството и соработката помеѓу двете образовни институции преку реализирање заеднички уметничко-креативни, уметничко-научни проекти и иницијативи.

Изложбата ги претставува трендовите за образовни практики од областа на визуелните уметности и вклучува 40 дела од 18 професори од Националната уметничка академија, изработени во различни техники од ликовните и применети уметности.

Автори: Елизар Милев, Красен Троански, Венцислав Шишков, Розина Макавеева, Васил Колев, Зоран Мише, Емануела Ковач, Здравка Василева, Кирил Бошков, Николина Енчева, Кристина Борисова, Георги Јанков, Гергана Табакова, Светозар Бенчев, Љубомил Драганов, Бојана Павлова, Капка Канева, Мања Вапцарова.

Изложбата „Дијалог преку уметност“ во Галеријата ФЛУ на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ во Скопје, претставува асоцијативен простор за дијалог и се фокусира на две главни теми: разгледување на актуелните образовни трендови во областа на визуелните уметности и планирање на идни заеднички проекти кои ќе имаат позитивно влијание врз културниот дијалог и интеграцијата меѓу професорите и студентите од двете високообразовни институции.

Изложбата ќе биде отворена до 22 декември 2024 година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни