Луѓето со дијабетес тип 2 се соочуваат со зголемен ризик од многу смртоносни карциноми, вклучително и рак на црниот дроб и панкреасот.
Анализата на здравствените досиеја на 95.000 луѓе покажа дека ризикот од рак на панкреасот е речиси двојно поголем, а од рак на црниот дроб пет пати поголем кај жените на кои им е дијагностициран дијабетес тип 2.
Шансите за развој на овие смртоносни болести се исто така повисоки кај мажите со дијабетес тип 2, што е поврзано со 74 проценти зголемување на развојот на рак на панкреасот и речиси четирикратно зголемен ризик од рак на црниот дроб.
Забележано е помало зголемување на ризикот за колоректален карцином – зголемување од 34 проценти кај жените и 27 проценти кај мажите во споредба со оние без дијабетес тип 2.
„Дијабетесот и дебелината влијаат на истите видови на рак. Нашето истражување беше насочено кон откривање на ефектите на дијабетесот врз развојот на ракот, откако ќе се прилагодиме на другите фактори на ризик, како што е дебелината“, објаснува Овен Типинг, студент кој работел на студијата со професорот Ендру Ренехан од Универзитетот во Манчестер.
Претходните студии ја поврзуваа дебелината со 13 видови на рак, од кои многу се почести кај луѓето со дијабетес. Експертите, сепак, имаа проблем да идентификуваат дали самиот дијабетес го зголемува ризикот за некои видови рак.
Затоа научниците ја анализираа британската банка за биолошки податоци, која чува податоци за здравствената историја и животните навики на повеќе од половина милион луѓе. Тие ги анализирале медицинските досиеја на 23.750 луѓе на кои неодамна им бил дијагностициран дијабетес тип 2 и ги споредиле со податоци од повеќе од 70.000 луѓе без дијабетес.
Постои тенденција за скок во дијагнозите за рак веднаш откако луѓето ќе откријат дека имаат дијабетес, бидејќи пациентите се повеќе се тестираат во тој момент.
Земајќи го предвид ова, британските експерти ги исклучија сите случаи на кои им беше дијагностициран рак во првата година откако открија дека имаат дијабетес.
Според студијата, во првите пет години по дијагнозата, шансата за развој на карциноми поврзани со дебелината била 48 отсто поголема кај мажите и 24 отсто поголема кај жените.
Исто така, не беше забележан зголемен ризик за некои видови на рак по дијагнозата на дијабетес тип 2. На пример, жените со дијабетес немаа поголема веројатност да развијат рак на ендометриумот или рак на дојка.