Поштенската компанија „ДХЛ“ ќе ги транспортира гласачките ливчиња, за мајските парламентарни избори, до албанските иселеници, во 85 земји во светот, процес кој Албанија ќе ја чини 10 милиони евра.
-Распределбата на 245.808 коверти со гласачки ливчиња, ќе се врши според распоредот што го утврди Централната изборна комисија, додека трошокот се проценува на 10 милиони евра или поинаку кажано 40 евра по гласачко ливче. Почнувајќи од 5 април, ќе почнеме со подготовките за изборниот материјал за да може да почне дистрибуцијата на гласачките ливчиња по пошта на 10 април. Целиот процес на администрирање и пребројување на гласовите ќе се одвива во Олимпискиот парк во Тирана, објави комисијата.
На албанските граѓани кои живеат во странство, а кои аплицираа и им е одобрено правото на глас, ковертот нема да им биде оставено во поштенско сандаче, туку лицето кое го доставува истото треба да го направи тоа лично на гласачот, дури не и на членовите на неговото семејство. Ова ќе се направи со прикажување на документ за идентификација. Ако не го најде на дадената адреса, поштарот ќе го посети уште двапати, пред да го врати пликот назад во Албанија.
-Ова предизвика загриженост и кај политичките партии, кои тврдат дека тоа ќе се одрази на бројот на Албанците кои ќе го остварат своето право на глас на 11 мај. Бројот на гласачи од дијаспората може да биде многу помал од оној регистриран во ЦИК. Слична ситуација имаше и на Косово, каде од 105 илјади емигранти пријавени за гласање, само 84 илјади успеаја да гласаат на изборите на 14 февруари, објавија медиумите.
За претстојните парламентарни избори меѓу дијаспората, на која за првпат и се дава правото на гласа, владееше голем интерес. За гласање беа пријавени над 294.000 лица, но на околу 50.000 поради различни недостатоци апликациите им беа одбиени.
Најголем број иселеници кои треба да гласаат има во Италија, 90 илјади гласачи, потоа Грција, над 60 илјади, Германија над 25 илјади, САД со околу 21 илјада, и Велика Британија со околу 18 илјади гласачи. Во 13 земји има само по еден гласач, како Фиџи, Венецуела, Украина и други.
Што се однесува до изборните единици во Албанија, вкупно 12, гласовите на дијаспората ќе имаат најголема тежина во Тирана, потоа Фиер и Драч.
Според ЦИК изборниот материјал моментно се печати во Словенија.