Дејвид Гета за Инстаграм популизмот: 5000 луѓе на журка снимаат со телефон, но никој не игра

56 годишниот француски продуцент на хаус музика и диџеј Давид Гета на Инстаграм сподели видео во кое поставува прашање, дали технологијата го уништува диџејството. Гета потенцира дека социјалните мрежи се толку многу длабоко навлезени во сите пори на живеењето. Тоа го објаснува низ примери дека на журка сите снимаат некаков спектакл, а никој не игра.

Вели дека е свесен дека технологијата си го носи своето, но неразбирливо му е дали диџејството се претопува во некој нов вид содржина за социјалните мрежи, односно визуелен перформанс за Инстаграм.

Најново

Последни колумни