Дејвид Бекам на кратко хоспитализиран

Бекам беше фотографиран од страна на неговата сопруга Викторија како лежи во болничка соба со едната рака поставена во митела.

Поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам бил кратко хоспитализиран и е во процес на опоравување по операцијата за корекција на долгогодишната повреда на зглобот.

Бекам беше фотографиран од страна на неговата сопруга Викторија како лежи во болничка соба со едната рака поставена во митела.

Според извештајот во списанието „Пипл“, процедурата на Бекам била за конечно да се решат компликациите од повредата на натпреварот во 2003 година, кога го скршил зглобот играјќи за Англија против Јужна Африка.

Сепак, легендарниот фудбалер, брзо бил пуштен од болница и сега закрепнува во својот дом.

Неговата споруга Викторија, во нова објава на социјалните мрежи ги увери своите следбеници дека ко-сопственикот на Интер Мајами сега се опоравува во удобноста на својот дом. Видеото го прикажува Дејвид со свежо собран зеленчук од нивната градина, вклучувајќи краставици и зелена салата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни