Втора теристичка дезинсекција на 8 јули во Македонска Каменица

Во ноќните часови на 8 јули, на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се спроведе втора теристичка дезинсекција, информираат од општината.

Третманот ќе го изврши ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, со примена на еколошки, широкопојасен инсектицид одобрен од надлежните институции. Средството е наменето за уништување на возрасни единки на комарци.

Дезинсекцијата ќе се реализира во доцните вечерни часови за да се минимизира влијанието врз секојдневието на граѓаните. Во случај на неповолни временски услови, активноста ќе биде одложена и ќе се изврши во првиот следен погоден термин, истакнуваат градските власти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни