,,Девојката со иглата” дел од главната селеција на МАНАКИ 45

Една од највознемирувачките приказни на сите времиња ја поседува данскиот филм кој не ги остави рамнодушни гледачите во Кан

Постојат филмови кои се доволно моќни да ве трогнат, поведат во друго време и остават неизбришлив впечаток. Нивното гледање во кино знае да биде незаборавно колективно искуство.

Една од највознемирувачките приказни на сите времиња ја поседува данскиот ДЕВОЈКАТА СО ИГЛАТА, дел од главната селеција на МАНАКИ 45, кој не ги остави рамнодушни гледачите во Кан и има намера да предизвика бурни реакции и кај битолската публика.

Во филмот во Копенхаген, 1919 година, една бремена девојка се запознава со Дагмар, раководителка на тајна агенција за посвојување, но зад нејзината работа се крие шокантна вистина.

📽️ https://www.youtube.com/watch?v=VlyW-z1xbO4

Најново

Последни колумни