Девојката добила џекпот на лотаријата и раскинала со нејзиното момче: Сега ја тужи, сака половина од парите

Поранешната двојка од Велика Британија, Мајкл Картлиџ (39) и Шарлот Кокс (37) купиле два лото тикета и нивните животи се свртеле – тие го добиле џекпотот од 1 милион фунти. Но, приказната нема среќен крај.

Приказната оди вака.

Мајкл и Шарлот од Лондон, една петочка вечер отишле во блиската продавница за да набават намирници за романтична вечера. Внимание им привлекле тикетите за лотарија, но Шарлот рекла дека нема доволно пари, па Мајкл се понудил да ги купи.

„И реков дека ќе ги префрлам средствата на нејзината сметка бидејќи немам банкарска картичка со мене. Влегов во апликацијата за мобилно банкарство и ја започнав трансакцијата. Го свртев мобилниот кон неа да и покажам, може да се види на камерите на продавницата“, рече тој.

Шарлот сепак ги плати двата билети
Но, интернет конекциите не биле на негова страна, па не можел да префрли пари на неговата тогаш драга Шарлот бидејќи не можел да добие сигнал. Така, на крајот, Шарлот мораше да ги даде сите 10 фунти – вредноста на две гребнатинки на Dice Towers, од кои едната заврши победничка.

Сепак, Мајкл тврди дека извесно време подоцна уплатата за тие две лозови отишла на сметката на Шарлот. Во тој момент тоа веќе не им било важно бидејќи се испоставило дека еден од лозовите е добитник и парот отишол да слави со романтична вечера.

По само три месеци врска, почнале да планираат како да купат стан и автомобил. Околу три недели по освојувањето на лотаријата од 1 милион фунти, парот мораше да ги помине формалностите во канцеларијата на лотаријата на ОК.

Тие требаше да разговараат за опциите за плаќање, но Шарлот преку пријател го замоли Мајкл да си замине додека таа ќе се сретне со претставници на лотаријата. Тоа го направил, но со себе го понел и добитниот лоз.

Мајкл остана без девојка и без пари
И тука започнува војната. Мајкл одби да и го даде на Шарлот добитниот тикет кој беше на нејзино име, а дури подоцна го предаде на службениците на лотаријата кои решија да разговараат особено со Мајкл и особено со Шарлот за да одредат кој всушност ќе стане побогат за 1 милион фунти.

Младите љубовници предизвикаа толкав метеж во седиштето на лотаријата што на крајот за се мораше да одлучи правниот оддел, кој на почетокот на месецов го извести Мајкл дека сите пари се на Шарлот и дека, за жал, нема да добие ниту денар.

Портпаролот на лотаријата ги скрши соништата за богатство на младиот Мајкл и јасно рече: „Само едно име може да стои на лотаријата и само едно лице може да ја добие добивката“. На Мајкл сега му останува само да поднесе приватна тужба против сега веќе поранешната девојка.

„Шокиран сум. Да, Шарлот ги плати лозовите, но мојата идеја беше да ги купам. Се обидов да ги префрлам парите на нејзината сметка и мислам дека моралниот чин би бил јас да го добијам мојот дел од наградата. “, изјави ожалостен Мајкл кој на крајот остана без девојка и без пари.

Извор: index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни