Неколку екипи на српската полиција утрово беа во зградата на Филозофскиот факултет во Белград каде синоќа се случи инцидент каде беше пронајдено телото на млада жена на возраст од околу 25 години.
Началникот на полициската управа Стари Град, Раденко Ресановиќ, извести дека сигналот е примен во 22:40 часот по локално време, по што полицајците пристигнале на местото на настанот.
Според првичните извештаи од очевидци, пиротехнички средства биле активирани и запалени на петтиот кат од факултетот, по што жената, за која се верува дека е студентка, скокнала од прозорец.
Пиротехничките средства биле изгаснати по некое време од страна на вработени во факултетот, а во моментов не е јасно како биле внесени во зградата.
Ресановиќ нагласи дека неправилната употреба на вакви средства е неприфатлива и може да доведе до сериозен ризик за животот и безбедноста на граѓаните.