Деветта изведба на ,,Пингвинот” во „Котур Кафе и Филм“

Се работи за авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, според текстот 𝘌𝘷𝘦𝘳𝘺 𝘉𝘳𝘪𝘭𝘭𝘪𝘢𝘯𝘵 𝘛𝘩𝘪𝘯𝘨 на Данкан Мекмилан и Џони Донахју и авторски текстови и документарни материјали на Вернер Херцог

Деветта изведба на Пингвинот / 𝙏𝙝𝙚 𝙋𝙚𝙣𝙜𝙪𝙞𝙣 во недела на 22 септември во 20 чaсот во „Котур Кафе и Филм“ Скопје.

Се работи за авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ, според текстот 𝘌𝘷𝘦𝘳𝘺 𝘉𝘳𝘪𝘭𝘭𝘪𝘢𝘯𝘵 𝘛𝘩𝘪𝘯𝘨 на Данкан Мекмилан и Џони Донахју и авторски текстови и документарни материјали на Вернер Херцог.

Концепт и режија: Тамара Стојаноска, а игра Лео Поповиќ.

„Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, 𝘌𝘷𝘦𝘳𝘺 𝘉𝘳𝘪𝘭𝘭𝘪𝘢𝘯𝘵 𝘛𝘩𝘪𝘯𝘨 на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сеуште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје,, велат од Театар Златен Еленец.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни