Девет пациенти од пожарот во Кочани заминуваат на домашно лекување, за 15 третманот продолжува

Во државава вкупно се лекуваат 24 пациенти, од кои во Клинички центар 7 пациенти, во старата Градска болница 6 пациенти, 8 во „8-ми Септември“, додека во приватните клиники се 3 пациенти

Денес ќе бидат испишани 9 пациенти, кои се во стабилна добра состојба и може да продолжат со домашно лекување. Утре ќе останат 15 пациенти од кои ќе видиме дали ќе има за испис. Вчера се вратија 5 пациенти кои се лекуваа надвор од државата, еден од Грција и 4 од Шпанија. Вкупно надвор од државата се лекуваат 108 пациенти. Денес е најавено враќање на 8 пациенти, по двајца од Белгија, Австрија, Турција и Хрватска. Имаме најави за повеќе пациенти кои следните денови ќе се враќаат, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Арбен Таравари.

Според министерот, сите пациенти се во добра стабилна состојба, освен 4 пациенти кои беа критични и сеуште се.


Во државава вкупно се лекуваат 24 пациенти, од кои во Клинички центар 7 пациенти, во старата Градска болница 6 пациенти, 8 во „8-ми Септември“, додека во приватните клиники се 3 пациенти

Во поглед на лекувањето на пациентите во Кочанската болница беше потенцирано дека во истата фалат кадри и материјали, но се формираат тимови и ќе се набави се што е потребно за поддршка на пациентите кои се во полесна состојба, да можат да им се прават преврски во Кочани за да не патуваат до Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни