Девет најубави цитати на Махатма Ганди: Поучни, мирни кои ќе ви ја променат перспективата на животот

На денешен ден, 30 јануари 1948 година, светот загуби еден од своите најголеми поборници за мир и ненасилство.

Ганди беше убиен во Њу Делхи од страна на хинду екстремистот Натурам Годсе, кој се спротивстави на неговата политика на помирување меѓу Хиндусите и муслиманите во Индија. Сепак, дури и по неговата смрт, филозофијата на Ганди продолжи да инспирира милиони луѓе ширум светот.

Како водач на индиското движење за независност, Ганди ја покажа моќта на ненасилниот отпор и граѓанската непослушност, докажувајќи дека големите промени можат да се постигнат не преку оружје, туку преку истрајност, морален интегритет и љубов кон вистината.

 Неговите идеали за едноставен, здрав и среќен живот сè уште се извор на инспирација за сите оние кои се стремат кон внатрешен мир, хармонија и духовен развој.

Во спомен на неговото наследство, ви ги пренесуваме најубавите цитати на Ганди за среќата, здравјето и исполнетиот живот, кои не потсетуваат на тоа како љубовта, понизноста и внатрешниот мир се клучни за вистинската среќа.

1. Око за око, на крајот го прави целиот свет, слеп.

2. Ненасилството е најголемата моќ со која располага човештвото. Тоа е помоќно од најмоќното оружје за уништување смислено од човечката генијалност.

3. Живеј како да ќе умреш утре. Учи како да ќе живееш вечно.

4. Не вреди да се има слобода, ако не ја вклучува слободата да се прават грешки.

5. Бидете промената што сакате да ја видите во светот.

6. Вистината по природа е очигледна. Штом ја отстраните пајажината на незнаењето што ја опкружува, таа јасно свети.

7. Среќа е кога она што го мислите, она што го кажувате и она што го правите во хармонија.

8. Вашите верувања стануваат ваши мисли, вашите мисли стануваат ваши зборови, вашите зборови стануваат ваши постапки, вашите постапки стануваат ваши навики, вашите навики стануваат ваши вредности, вашите вредности стануваат ваша судбина.

9. Човек често станува она што верува дека е. Ако постојано си велам себеси дека не можам да направам одредена работа, можеби ќе станам неспособен да го направам тоа. Напротив, ако имам верба дека можам да го направам тоа, сигурно ќе се стекнам со способност да го направам тоа дури и ако на почетокот можеби немам.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни