Инцидентот се случил во храмот Венкатешвара во градот Касибуги, во округот Срикакулам, каде што се собрале стотици верници за време на верскиот обред. Според првичните извештаи, метежот започнал кога дел од толпата се обидел да се пробие поблиску до олтарот, предизвикувајќи паника и турканица.
Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на загинатите и изјави дека се моли за брзо закрепнување на повредените.
Ваквите трагедии не се реткост во Индија и често се поврзуваат со недоволни безбедносни мерки и пренатрупаност на верските собири. Во септември годинава, 39 лица загинаа на политички собир, а во јуни тројца загинаа на хиндуистички фестивал поради сличен метеж.
Извор: N1info.rs