Детски ортопедски проблеми во Македонија: Што треба да знаат родителите – и зошто навремената интервенција прави разлика

Д-р Милена Богојевска Доксевска објаснува кои се најчестите ортопедски заболувања кај децата, зошто е важна раната дијагноза и како родителите можат да препознаат проблеми уште во раното детство.

Во развојот на секое дете, здравото движење е основа за физичко, емоционално и социјално здравје. Меѓутоа, сè поголем број деца во Македонија се соочуваат со ортопедски проблеми – некои вродени, други стекнати, сите сериозни ако не се третираат навреме. Во разговор со д-р Милена Богојевска Доксевска, експертка за детска ортопедија и универзитетски предавач, добиваме јасна слика за предизвиците и решенијата што ги нуди современата ортопедија.

Кај новороденчињата, најчести се вроденото криво стапало, аномалиите на колковите и кривиот врат. Добро е што некои од овие состојби се веднаш видливи, но кај дел – како развојната аномалија на колкот – неопходен е скрининг уште до вториот месец,“ вели д-р Богојевска.

Таа потенцира дека во Македонија се прави генерализиран ултразвучен скрининг на колковите – важна алатка за рана дијагноза, која спасува деца од сериозни проблеми во иднина.

Но проблемите не завршуваат тука. Со растот на детето се појавуваат стекнати деформитети, особено кај ученици. „Го гледаме тоа секој ден – сè повеќе деца имаат искривувања на рбетот, рамни стапала, лоша постура и слаба мускулатура. Причините се познати: седење со часови, телефони, тешки ранци, обувки без поддршка,“ вели таа.

На прашањето како родителите можат да препознаат рани знаци, д-р Милена вели:
Ако детето често паѓа, има необично држење на телото, се жали на болки во нозете или одењето му е асиметрично – тоа се алармантни знаци. Родителите мора да бидат внимателни набљудувачи.“

Исто така, таа ја нагласува важноста на спортот и активната игра:
Секоја минута надвор е лек. Децата мора да се движат – не само за мускулите, туку и за рбетот, зглобовите, психата. Затоа, создавајте им навики за рекреација, тргнете ги екраните, прошетајте заедно.“

Превенцијата е клучна, но кога ќе се јави проблем, раната интервенција прави разлика. „Имаме случаи кога едноставна ортоза или терапевтски вежби спречиле операција. Но само ако се започне навреме,“ предупредува таа.

Сепак, и покрај предизвиците, таа има оптимистички став:
„Македонските родители се желни за знаење и грижа. Се гледа промена во свеста. Мојата мисија е да ја едуцирам заедницата – не само да лекувам, туку и да превенирам.“

Со повеќе од 15 години искуство, д-р Богојевска Доксевска е и ментор на млади лекари, активна во научно-истражувачка работа и дел од меѓународни иницијативи. Таа не гледа само заболување – таа гледа цел живот пред

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни