Детската претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“ во понеделник во Јавна соба

На 2 јуни 2025 година (понеделник), со почеток во 19 часот, на поткровјето на Јавна соба, ќе се одржи

Новата детска театарска претстава „Лефти и Рајти го спасуваат џемперчето Воли“, премиерно ќе се одржи во понеделник, (втори јуни) на поткровјето на Јавна соба. Претставата која е базирана на втората сликовница од серијата „Приказни за облеките“ на македонската авторка Наташа Дукоска е поддржана од Минисерството за култура. Оваа премиера воедно претставува и промоција на истоимената сликовница во издание на Чудна Шума.

Со оваа адаптација, светот на облеките добива нова димензија на театарска сцена. Храбрите Лефти и Рајти тргнуваат во мисија да го спасат заборавеното џемперче Воли од автобуското седиште во приказна исполнета со хумор, грижа, детска фантазија и топлина. Претставата ја режира Изабела Јакимова која воедно стои и зад адаптацијата на текстот. Нејзиниот пристап преку „Театар за тебе“, успеа да ја задржи нежноста и духовитоста на оригиналната сликовница, во визуелно богати сцени и дијалози кои ги ангажираат и најмладите гледачи.
Авторката Наташа Дукоска има свој уникатен пристап кон пишувањето за деца, а преку „Приказни за облеките“, таа нè потсетува дека едно парче облека, може да има живот, емоции и да доживува авантури.
Публиката ќе има можност да ја доживее магијата на книжевноста оживеана на сцена, дело на авторка која со своите сликовници веќе ги освои срцата на многу деца и родители низ Македонија.
Улогите ги толкуваат: Јана Велева, Бранко Атанасов, Ангела Лефкова и Мина Јелушиќ Јериниќ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни