Освен што грее, оваа топла, зимска варијанта на лимонада е одлична и после тежок празничен оброк. Сè што треба да направите е да исцедите лимон, да го измешате сокот од лимон со зачини и мед и да прелиете сè со топла вода и – вашата топла зимска лимонада е подготвена за уживање!
Имајте на ум дека наведените состојки се доволни за само 1 поголема шолја напиток, па затоа ви препорачуваме веднаш да ја удвоите количината.
Топла зимска лимонада
Состојки:
2 лимони
1 лажичка мед
прстофат каенски пипер
прстофат ѓумбир во прав
прстофат каранфилче во прав
250 ml вода
Постапка:
Едниот лимон исцедете го, а другиот исечете го на кришки.
Сокот од еден лимон измешајте го со мед и зачини и прелијте го со топла вода.
Додадете неколку парчиња лимон и послужете веднаш! Загрејте се и опуштете се!