Детокс пијалак кои ќе ви помогне по обилните празнични оброци

Топлата зимска лимонада е напиток за детоксикација кој ќе ви помогне по празничното уживање во масна храна и разни десерти, а ќе ви стане омилен сојузник кога и да залади.

Освен што грее, оваа топла, зимска варијанта на лимонада е одлична и после тежок празничен оброк. Сè што треба да направите е да исцедите лимон, да го измешате сокот од лимон со зачини и мед и да прелиете сè со топла вода и – вашата топла зимска лимонада е подготвена за уживање!

Имајте на ум дека наведените состојки се доволни за само 1 поголема шолја напиток, па затоа ви препорачуваме веднаш да ја удвоите количината.

Топла зимска лимонада

Состојки:

2 лимони

1 лажичка мед

прстофат каенски пипер

прстофат ѓумбир во прав

прстофат каранфилче во прав

250 ml вода

Постапка:

Едниот лимон исцедете го, а другиот исечете го на кришки.

Сокот од еден лимон измешајте го со мед и зачини и прелијте го со топла вода.

Додадете неколку парчиња лимон и послужете веднаш! Загрејте се и опуштете се!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни