Детали за трагедијата во училиштето во Нант: Со нож сеел смрт во клупите

Нападот во училиштето „Нотр Дам де Туцед“ се случил половина час по пладне, кога напаѓачот, од непознати причини, влегол во два одделенија и нападнал најмалку четири ученици.

Очевидци велат дека било многу тешко напаѓачот да се совлада, бидејќи покажал огромна сила.

Наставниците сепак успеале да го спречат тој понатаму да сее смрт. Полициските службеници, кои пристигнале во меѓувреме, го привеле.

Поради големата опасност, веднаш бил активиран антитерористичкиот план, па учениците останале заклучени во училишниот карантин. Дури попладне, првите групи биле пуштени.

Во тие моменти, оние ученици кои не ја почитувале забраната за носење мобилни телефони во училиште со повици ја ублажиле огромната вознемиреност на родителите кои немале вести од своите деца.

Првите ученици што го напуштија училиштето плачеа, држејќи се за раце, а нивните родители беа во шок.

За сите нив беше организирана психолошка помош. Сите тагуваат по ученикот кој беше убиен и се молат за спасување на уште двајца за чиј живот се борат лекарите.

Напаѓачот со ножот, Жистен П., досега немал полициското досие.

По серијата претходни терористички напади во Франција и зголеменото ниво на безбедност, на влезовите на училиштата извесно време се спроведуваа случајни претреси, но властите истакнуваат дека е исклучително тешко и речиси невозможно да се провери секоја училишна торба.

Пред образовната институција каде што се случи трагедијата во попладневните часови, имало силни полициски сили и вооружени војници.

Се очекува министерката за образование и поранешна премиерка,Елизабет Борн и министерката за внатрешни работи, Брајни Ретахо да се обратат од местото на настанот. Во исто време, лидерот на опозицијата, Џордан Бардела, изрази сочувство до семејствата на жртвата и им се заблагодари на наставниот кадар кој успеа да спречи поголема трагедија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни