Десничарските активисти и инфлуенсери не чекаа ни да се смири ситуацијата, а веќе пуштија во продажба производи со сликата од Трамп со крв на лицето, по обидот за атентат во саботата.
Активистката Кендис Овенс и поранешниот функционер Себастиан Горка пуштија во продажба маици со сликата на Трамп со подигната рака. На сликата на Овенс пишуваше „За Бог и државата“, додека на сликата на Горка стоеше „Претседателот на Америка“.
На прашањата од медиумите, ни Овенс ни Горка не одговорија што ќе прават со парите кои ќе ги заработат од продажбата на овие маици.
Слична маица на социјалните мрежи сподели и Дејвид Портној, основач и сопственик на Баристул Спортс. Маицата се продава од бреднот Олд Роу, што е во сопственост на Барстул. На оваа маица пишува „Ако го напднете кралот, не промашувајте“.
Корисниците на социјалните мрежи ги осудија ваквите обиди за профит на инфлуенсерите, но сепак во часовите и деновите кои следеја излегуваа на продажба се повеќе и повеќе производи.
Со производи инспирирани од пукањето кон Трамп не заостанаа ни кинеските сајтови кои продаваат производи во САД, а таму се најдоа и некои невкусни шеги, како привезокот за клучеви со политичари кои биле цел на атентат.