Дешифриран напис на споменик стар 2600 години

Професор по старогрчка историја и археологија на Државниот универзитет во Пенсилванија тврди дека дешифрирал древен, тешко оштетен натпис издлабен во споменик стар 2.600 години во Турција.
Фото: Wikimedia Commons

Споменикот со врежани слики на лавови и сфинги е познат како Арслан Каја, што на турски значи „лавовски камен“, а според овој научник, на него пишува „Матеран“.

Матеран била божица на Фригијците, цивилизација која процветала во денешна Турција од околу 1200 до 600 п.н.е.

Професор по старогрчка историја и археологија на Државниот универзитет во Пенсилванија Марк Ман напиша труд за натписот, а го објави списанието „Live Science“.

„Грците ја познавале како Мајка на боговите. Римјаните ја нарекувале ‘Магна Матер’ или ‘Голема Мајка’. Во времето кога бил изграден споменикот, кралството познато како Лидија, кое исто така многу ја почитувало Матеран, владеело со областа“, истакна тој.

Споменикот е тешко оштетен од забот на времето и грабежите, поради што натписот е исклучително тежок за читање.

„Она што го кажува е извор на дебата уште од 19 век“, забележа Ман во весникот. За да ја реши мистеријата, Ман детално го фотографирал натписот кога светлината била добра и повторно ги прегледал постарите фотографии и записи.

„Многу зависи од светлината при фотографирањето, а светлината беше особено добра утрото на 25 април 2024 година. Логично е споменикот да се вика Матеран, бидејќи содржи и слика на божицата“, рече Ман, кој испитувал различни стилски детали на споменикот.

„Сите тие укажуваат дека натписот е создаден во првата половина или средината на шестиот век п.н.е.“, напишал Ман во студијата.

Сепак, друг научник, Ростислав Орешко, предавач на Практичната школа за напредни студии во Франција, кој спроведе опширно истражување на фригиските натписи, но не беше вклучен во ова истражување, рече дека делото не нуди ново толкување.

„Написот на Ман во Кадмос не предлага ништо радикално ново за натписот, бидејќи истиот заклучок бил предложен уште во 19 век“, изјави Ореско за Live Science.

Инаку, дебатата за натписот во научните кругови трае повеќе од еден век.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни