Десетто јубилејно издание на фестивалот КРИК

На 30 септември со почеток во 19:00 часот, во Националната Галерија, Чифте Амам, Борис Буден ќе одржи предавање насловено „Дупка во главата или: може ли нешто да се научи од војната?”

Десеттото издание на КРИК фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува со критичкото промислување на овогодишната тема „Преобразба”.

Есенското издание почнува со предавањето на секогаш провокативниот и поттикнувачки германско/хрватски филозоф и теоретичар на социо-културните деликатни и актуелни случувања и теми, Борис Буден.

На 30 септември (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Националната Галерија, Чифте АмамБорис Буден ќе одржи предавање насловено „Дупка во главата или: може ли нешто да се научи од војната?”

Согледувањата на Буден длабоко проникнуваат во сите денешни акутни културно-политички превирања во регионот и во светот, на глобално и локално рамниште, но и во самата тема на овогодинешниот КРИК, која ги поставува прашањата на човековата ентропија и потребата за преобразба на идејата за заедница.

После предавањето ќе следи кратка дискусија помеѓу Борис Буден и Никола Гелевски, како и разговор со публиката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни